Шиникот е тешка цепидлака, има доста пари вложено и сигурен сум дека само уште повеќе ќе ги подобри условите за работа. Рече дека на ред е онаа влезна врата како ролетна со мотор (како у Мото центар), па незнам решетки со клапни на мотор исто за довод на ладен воздух од надвор, посебна застаклена просторија за клиентот со додатен LCD и тн. Воедно припрема и втор простор за механички интервенции, па е раштркан на повеќе страни. Споро оди баш заради перфекциозмот, ама важно е дека некој започнал у државава да се грижи и за изгледот за работните простории. Долу има бетонска кошулица, па транспарентна епоксидна смола со огромна издржливост (незнам колку тони на cm2) и тн. Инсталацијата од диното му е во оние шини културно сместена (нема кабли како во Ревочип), а другото е wireless. Бројните неонки горе со арматура, „термопан“ прозори, врата и сл. Многу време, љубов, знаење и пари се потребни за реновирање на постоечки објекти. Друго е кога се гради од почеток - можеш да испланираш се' према твоите потреби. Мое мислење е дека за незнам, година дена (ако продолжи со ова темпо) ќе биде најдобро опремен сервис у МК. Проблемот е што рента дел од неговиот комплекс, па не е во можност да си ги среди кираџиите, во смисол на естетика, никој не сака ништо да вложува во ова време. Затоа за поздрав е неговата решителност и ризик да инвестира толку пари во опрема и реновирање, се гледа дека размислува на долги стази! Како и да е, престижот да си прв во нешто е неговиот најголем предизвик. Амбицијата е стварно предуслов за напредок, но не треба човек да биде ни мегаломан...