Ма знам, ама возам кратки релации и уште незагреана ја гасам, се створија кондензати и лонецот скапа. Требаше или да ставам друг ист таков ASSO или да го вратам фабричкиот. Да не бев во инвестиции со викендичката сигурно ќе ставев, ама у моментов морав да го вратам оригиналниот кој веќе ми стоеше у гаража и некое време вака ќе тера Здравје!
Најпаметна модификација која досега си ја направил
Единствено задниот украс да си можел да го оставиш, тоа би било добро.
Инаку кондензатите се 70% зголемени кога колата се вози на плин. Таа е една од најголемите причини за скапување на лонците. Поготово кога ке налеташ на оваков "иноксен квалитетен" лонец.
Шала на страна ама јас сум имал лошо искуство со лонците од таму, уште од времето на 101-от. По мене многу подобри лонци изработуваат Номинал. Али секој со своите убедувања.
Значи не зборувам за услугата, стручноста на луѓето, туку само за материјалите од кои ги изработуваат лонците.
Хах, па нели требаше да се иноксни лонците, или јас нешто погрешно сум разбрал?
Иноксна е прикаската која ја продаваат, а не лонците