Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1852513 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7320 на: 30 Јануари 2016, 10:50:43 am »

Снимање? Одлична идеја, или ќе беше одлична идеја ако кај нас самостојно сниманите видео материјали - важеа како доказен материјал на суд.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7321 на: 30 Јануари 2016, 10:59:29 am »

Снимање? Одлична идеја, или ќе беше одлична идеја ако кај нас самостојно сниманите видео материјали - важеа како доказен материјал на суд.

имаме разговарано на форумов по тоа прашање... правниците на форумов потврдија и објаснија (на кратко кажано и упростено) дека снимен материјал, не е доказен материјал, но судијата може да го земе во предвид материјалот. значи сепак може да помогне во судот и на судењето да ги покаже вистинските работи што се случувале во моментот на снимањето, а тоа се моментите поради кои си на суд... поготово ако се тврди нешто ептен обратно од она кое е вистинското...

затоа не го зимајте здраво за готово тој закон кој што вели дека снимениот материјал не е доказен материјал...  итекако може да направи преокрет во судење, се разбира, ако судијата сака тоа да се случи... на крај се сведува дека изборот е негов дали ке прифати или не таков материјал на рочиштето...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7322 на: 30 Јануари 2016, 11:31:20 am »
Дадилката што малтретираше бебе доби 16 месеци затвор по основа на обвинение поткрепено исклучиво со видео снимка и лекарски наод.

Од имање снимка немаш зијан.

Отсутен JKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7323 на: 30 Јануари 2016, 13:36:12 pm »
И тоа е премала казна,на пола казна ќе ја пуштат дома.Во врска со тој случај,најмногу пресудија бидејќи беше медиумски премногу покриен,јавноста беше згрозена,и се чекаше судиите да донесат праведна одлука,а тоа е казна за "дадилката".Да не беше случајот со малтретирано дете,и родителите да не ги поставеа видеата на интернет,не верувам дека ќе и пресудеа било што.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #7324 на: 30 Јануари 2016, 13:40:26 pm »
Како ќе докажеш дека видеото е од тебе, твојата кола и твојот случај?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7325 на: 30 Јануари 2016, 13:54:44 pm »
Дадилката што малтретираше бебе доби 16 месеци затвор по основа на обвинение поткрепено исклучиво со видео снимка и лекарски наод.

Од имање снимка немаш зијан.

Да не беше снимката пуштена во јавност, ништо немаше да испадне.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7326 на: 30 Јануари 2016, 20:32:54 pm »
Како ќе докажеш дека видеото е од тебе, твојата кола и твојот случај?

така што на видеото ќе бидат покажани спорните моменти и личности...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7327 на: 30 Јануари 2016, 22:15:41 pm »
Полициски ѕвер: На овој полициски автомобил никој не може да му побегне


Полицијата во Дубаи е позната по својот скапоцен возен парк, а на супер брзите автомобили како Porsche 918 Spyder, Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador, Ferrari FF и многу други им се приклучи Renault R.S. 01 Interceptor.

Not a valid youtube URL
 8)

http://tocka.com.mk/7/184896/policiski-dzver-na-ovoj-policiski-avtomobil-nikoj-ne-moze-da-mu-pobegne

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29679
    • CARclub.mk

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7329 на: 02 Февруари 2016, 12:57:02 pm »
Вчера попладнето во Пинтија кај стовариштето бујо си чекаат полицајците, и полека тргнуваат во потера, после едно 500м пуштаат  ротационо и застануваат еден со една стара фиеста...

Кога ги поминав видов фистата е без едно средно светло, ќе го јаде технички неисправно возило 300е.


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7330 на: 04 Февруари 2016, 00:09:06 am »

Многу позитивно од жацовците.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7331 на: 06 Февруари 2016, 11:06:48 am »
Ме застана полиција да дувам, имав испиено едно мало пиво и во ред дував. Полицаецот не смени цуцла пред да дувам или како се вика тоа на дрегерот, и на крај не ми ни покажа да видам колку ќе покаже. И само одеднаш ми вика "Ти си бил пијан, 2.3%"  :o не знаев дали е сериозен или се заебава, си влезе во кола и почна да пишува казна.

Инсистирав да ми даде повторно да дувам притоа да смени цуцла пред мене или веднаш да одиме на анализа на крв ама комплетно ме игнорираше си затвори прозор и ја пишуваше казната.

Во меѓувреме дојде нивни колега, му објаснив што е работата ама џабе и тој упорно ми кажува дека смее само еднаш да дувам, ок викам дај да видиме другарката испи 1 пијачка жестоко нека дува она ме интересира што е работата со дрегерот. И на истиот дрегер и цуцла и кај неа 0.23% ок викам дајте сега пак јас да дувам али не ми дозволи.

На крај кога ја пиша казната инсистираше да ги потпишам не ми даваше да прочитам што напишал, ме убедуваше дека ми прави услуга, само со поени ќе сум поминел а доколку не потпишам нема да смеат да напишат казнени поени туку ќе мора да платам 375 евра и на суд. Не се согласив и ништо не потпишав. Ми ги даде казната, записникот и потврдата за одземена возачка и ми вика "Оди паркирај таму доле некаде" им реков дека ќе ја паркирам на паркингот кај нив (Јавен паркинг во дебар маало) и уште ми се заканија, сакаш ли и во станица сега 12 саати да те носиме ???. Не сакав да се карам и си тргнав.

Е сега кај записникот заокружил дека НЕ БАРАМ земање на крв и дека ОДБИВАМ да ми се земе крв  :o, притоа во забелешка уште пишал дека мирисам на алкохол а кај сведоци на лице место не е запишана другарката која што беше со мене.

Веднаш отидов до полициската станица пролет да ги прашам што е работата и зошто не сакаа да ме носат да земат крв, ми вика не можам да ти помогнам напишал казна колегата си одбил да се потпишеш и тоа е тоа, ќе си оди на суд. Отидов на токсикологија, инсистирав да ми извадат крв и да направат анализа затоа што сакам да ја користам како доказен материјал на суд против казната, меѓутоа и таму ништо, не можеле тоа навечер да го направат и ми кажа дека полицајците можеле да ме однесат да проверат доколку не се согласувам.

Класичен рекет прават, како сега јас кога ова ќе дојде до суд да докажам кога полицаецот си го пополнил записникот и не ме ни праша дали сакам да ми се земе крв за анализа. Ќе биде мојот збор против неговиот и на колегата, притоа и мојот единствен сведок не е заведен во записникот.

Се извинувам на долгиот пост, некој да каже искуство со слична ситуација?
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7332 на: 06 Февруари 2016, 11:09:21 am »
Крв им ебам. Криминалци!

Овие како договорени се сите, од полиција до полициска станица до токсикологија. ПИШИ НА СИТЕ ПОРТАЛИ. Нека се дознае. Другпат снимај со видео, нека се види стоката на YOUTUBE

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7333 на: 06 Февруари 2016, 11:10:36 am »
Какви поени за пијан!???!???!?!???!??!?!???!!??!?!?!?!?!?!???!?!?

Консултирај се со адвокат, ќе ти ја земат возачката инаку.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7334 на: 06 Февруари 2016, 11:12:11 am »
Се повеќе и повеќе се случува ова, полицијата пишува што сака, се е лажно, и немаш никакви права. На крај на суд е неговиот збор против твојот, и ти губиш. Класични рекетари, криминалци. Само видео помага за ова. Снимајте видеа, мора криминалците да одат во затвор.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need