Станување нестока народ е долготраен, али не и невозможен процес, и треба да почне од институциите на системот, за да може полека но сигурно да дојде до целото население.
Треба полицијата да не се гледа како алат за казнување, туку сервис на народот. Тоа значи дека џандарите треба да бидак културни, присутни и да помагаат кога тоа ќе се побара од нив. Концептот на мамини и татини синови да се елиминира а полицијата да биде еднакво активна и ефективна насекаде.
Еве еден едноставен (и малку екстремен) пример. Во Норвешка луѓето сами си плаќаат даноци (тоа што кај нас фирмите го прават кога даваат плати) и генерално не им е проблем да дадат околу 40% од парите на институциите на системот - а зошто не им е проблем? Затоа што гледаат дека нивните пари се користат ефективно. Имаат добри улици, функционална инфраструктура и генерално решени секојдневни проблеми. Тоа е барем почетокот кон кој треба да се стремиме, и треба да гледаме кон колективното добро, наместо кон индивидуалното (по логиката „ако на сите им е убаво, и мене ќе ми биде убаво“).
Енивеј, имам работа.