Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1873805 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
  • Плинаш!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11955 на: 09 Септември 2021, 12:36:36 pm »
Важи тоа уште 50% во рок од 8 дена, баш го прашав цајканот а и во записникот си пишува.

Е сеа каде се плака? Исто во записникот пишува дека треба да се однесе потврда дека е платено во мвр. Каде во мвр?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11956 на: 09 Септември 2021, 13:07:46 pm »
Еве ја и мојата случка од пред 10 години и тоа по дочекот на Нова година :)

Си возам лабаво накај дома од Центар кон К.вода, речиси никаков сообраќај околу 2 по полноќ, се приближувам до семафорот каде се вкрстува еднонасочната Христо Татарчев со Борис Трајковски.
Се пали жолто, да кочам или да продолжам, ај ќе се протнам, и така нема никој, и си продолжив со иста брзина, кога слушам полициска свирка и на ретровизор гледам ротациони светла, си возеле џандарите позади мене и жив ме фатија :D
Застанав на автобуската карши Тинексот, малку убедување де жолто, де црвено, па као и јас да се стави во записник жолто инаку не потпишувам...сите злочинци тврдат дека се невини :)
Во еден момент ми текнува за можноста 50% да се плати, и згора ако им текне да ми дадат да дувам (имав попиено 3,4 чаши виски, но од око точени, не со дозер :D) па да излезе над 0,50, и прекинав со натегањето, потпишав, некој ден потоа платив 50% и прикаската заврши.

Инаку за жолтото, кога ќе видам дека ќе светне жолто, на одалеченост од две возила пред мене, си застанувам. Доколку сум на булевар и има паралелно со мене возило кое одлучува да не застане, без исклучок возилото поминува на црвено, односно возачот не ни приметува дека се запалило црвено бидејки се наоѓа веднаш под семафорот, а неретко поминува уште едно улетано возило позади него, е тој па е во дебело црвено.
Доколку ги застане полиција, тие се длабоко убедени дека поминале на жолто, бидејки тоа и го виделе последно пред да почнат да ја преминуваат крстосницата, потоа полицијата кабает...

Оттука, убеден сум дека навистина сум поминал на црвено таа вечер и дека полицајците поштено си ја извршувале задачата.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11957 на: 09 Септември 2021, 13:16:41 pm »
Ок Микиус, ти си поминал на црвено т.е. убеден си. Јас поминав на жолто, Зиле исто. Така да од старт тоа се две различни работи. Јас поминав на последно трепкаво зелено, како што почнувам да вртам лево на семафор се пали жолто и терам нормално, нити брзав нити ништо убеден дека си поминувам најнормално, ама следеше потера со ротациони со се. Јас бев убеден и уште сум дека поминав на жолто. Тие беа убедени дека сум на црвено. Ако ставеа во записник црвено немаше да им го потпишам до крај ќе одев. На крај, среќа моја поминав најлесно што можам, само со усна опомена. Затоа сега а видам зелено трепка кочам :D За жолто да не правам муабет укопан во ров сум иако после настанот еден вол со Киа Спортаж сакаше кај Соборна да ме тепа. Сум застанал на жолтото и тој не можел да помине, па пцуење мајки шајки провинции незнам што, пукање филмот му излегов јас да го тепам, се зачуди како сум бил агресивен. Свашта пичка роди.

Жиле со уплатница во банка/пошта и после истата ќе си ја однесеш во Мвр. Види која полициска е надлежна кај што те застанале, таму. И Една копија обавезно за тебе задржи. 


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14336
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11958 на: 09 Септември 2021, 13:48:37 pm »
Казна за на жолто нема,така да чим тргнал да те пишува се знае дека ќе пиши црвено.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6488
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11959 на: 09 Септември 2021, 13:52:52 pm »
По некоја логика ако ти е за одземање ќе ти стигни дома решение за одземање или покана за на суд, како и да оди таа постапка.

Братучед го викнаа на суд за престигнување на раскрсница, го отворе законот судијата, аха нема за овој прекршок одземање на возачката, бегај, а пред тоа си плате пола од казната.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11960 на: 09 Септември 2021, 14:00:08 pm »
Ајде и мечето малку да чита, не само еуротрак симулатори да игра. Некогаш кога ке си во мкд, плиз прашај некој полицаец дали нема казна за жолто. Ако нема ќе ви се извинам на сите, до тогаш единствено на законов верувам.

Член 43
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со
уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за
учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло - забрана на минување,
- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога
ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак
што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за
другите учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале
да го преминуваат коловозот.
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска
противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата
од ставот (1) на овој член.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11961 на: 09 Септември 2021, 14:04:29 pm »
Интер, сега ти читај внимателно и не спинувај.
Во тој момент бев убеден дека сум се протнал на жолто, напишав зошто и од кои причини попуштив во натегањето.

Потоа, кога почнав повеќе да внимавам на тие жолти светла,  да заклучам дека де факто сум поминал на црвено.

Едит, да имало казна за на жолто, ќе ти го шлапнеле у записник и око немало да им трепне, па ти чешај се после со казната за на жолто.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5619
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11962 на: 09 Септември 2021, 14:06:51 pm »
"освен за возилата кои во моментот кога
ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак
што не можат на безбеден начин да се запрат". Ете кај си ослободен од казна, згора на ова полицаец да пиши записник дека на црвено си  тој ќе одговара на суд.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11963 на: 09 Септември 2021, 14:09:01 pm »
Интер, сега ти читај внимателно и не спинувај.
Во тој момент бев убеден дека сум се протнал на жолто, напишав зошто и од кои причини попуштив во натегањето.

Потоа, кога почнав повеќе да внимавам на тие жолти светла,  да заклучам дека де факто сум поминал на црвено.

Не знам кој спинува - „Оттука, убеден сум дека навистина сум поминал на црвено таа вечер и дека полицајците поштено си ја извршувале задачата.“   
Ова може не си го пишал ти не знам, еве ти го хакирале профилов, па сега излегла реченицата. Инаку мене кога ме застанаа беше 7-8 вечер, нити имав пиено, нити брзав ништо, така да нашиве ситоации се 100% различни. Ти си прифатил казна за да не дуваш, зошто ако дуваше ќе го попушеше плус :D Poetic justice

Како и да е, биднало што биднало, кој крив, кој не, кој делумно, доста беше форум за денес.   

п.с. @vladic3110 оди докажи го ова ако те викнат "освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат". Слободно, вештаци барај, колку може ќе помагаме се, снимки од видео надзор барај, до Врховен ако треба стигни, ќе имаш 100% од мене.

Ете кај си ослободен од казна, згора на ова полицаец да пиши записник дека на црвено си  тој ќе одговара на суд

Последниов дел не те сфаќам дали си сериозен или не. Ако си сериозен, среќно во докажувањето дека полицаецот лажел :DDD


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11964 на: 09 Септември 2021, 14:34:12 pm »
Абе, вие сите читате и тоа е добро.
Џандарите колку читаат, тоа ме интересира.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5619
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11965 на: 09 Септември 2021, 14:44:23 pm »
Епа затоа е судот за докажување, ти веќе секако си ја попил казната ако не одиш на суд. Блажен сум јас со адвокати,пола другари ми се адвокати некој со адвокатски канцеларии по 50/60 години, можам и со 3 адвокати да излезам на суд ако сметам дека сум прав а некој полицаец лажел на записник. Ништо посебно не е зборот на некој со средно сообраќаец наспроти мојот со правно лице. И да е за банална работа сам да одам ќе ме подучат шо да кажам за да влијаам на судијата, повеќе него некој кој не знае да бекни два збора од законикот кој го спроведува :))
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11966 на: 09 Септември 2021, 14:48:54 pm »
Ako super. Jas nemam tolku advokati, ama imam dovolno iskustvo i znam vo koja drzava ziveam.
Ednas se najdov vo sud na pominuvanje, vo kancelarijata za prekrsoci imase red od ovde do Mesopotamija. Kako na lenta bea, na 5 minuti izleguvase nekoj kriv. Eden ne rece pobediv gi zeznav so 3 advokati im otidov. Ama isprobaj si ja srekjata, na sto kazneni eden se spasuva, moze si toj. Sepak 50 godini kancelarija ne e zaebancija.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5619
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11967 на: 09 Септември 2021, 14:53:21 pm »
Јеби га таков сум инаетчија не му ја навалувам главата на сабјата, нека сечи ако можи, за други работи внатрешна контрола и те како им работи, едвај чекаат да попие пријава некој.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11968 на: 09 Септември 2021, 15:00:15 pm »
Јас многу пати сум врвел на жолто во Германија, до сега ми нема стигнато казна. И да, има со намера и на несакање/ненамерно врвење на жолто..е сега кој ќе се докажи со полицијата дали си можел да закочиш или не  тоа е друго.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11969 на: 09 Септември 2021, 15:18:24 pm »
Интер, сега ти читај внимателно и не спинувај.
Во тој момент бев убеден дека сум се протнал на жолто, напишав зошто и од кои причини попуштив во натегањето.

Потоа, кога почнав повеќе да внимавам на тие жолти светла,  да заклучам дека де факто сум поминал на црвено.

Не знам кој спинува - „Оттука, убеден сум дека навистина сум поминал на црвено таа вечер и дека полицајците поштено си ја извршувале задачата.“   
Ова може не си го пишал ти не знам, еве ти го хакирале профилов, па сега излегла реченицата. Инаку мене кога ме застанаа беше 7-8 вечер, нити имав пиено, нити брзав ништо, така да нашиве ситоации се 100% различни. Ти си прифатил казна за да не дуваш, зошто ако дуваше ќе го попушеше плус :D Poetic justice

Како и да е, биднало што биднало, кој крив, кој не, кој делумно, доста беше форум за денес.   

п.с. @vladic3110 оди докажи го ова ако те викнат "освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат". Слободно, вештаци барај, колку може ќе помагаме се, снимки од видео надзор барај, до Врховен ако треба стигни, ќе имаш 100% од мене.

Ете кај си ослободен од казна, згора на ова полицаец да пиши записник дека на црвено си  тој ќе одговара на суд

Последниов дел не те сфаќам дали си сериозен или не. Ако си сериозен, среќно во докажувањето дека полицаецот лажел :DDD
На почеток од постот убаво е се објаснето.

Поматаму правам осврт на тоа што сум го забележал во секојдневието.
Зборот оттука, значи дека се надоврзувам на претходно напишаното, односно освртот од секојдневието.
Потоа следи заклучокот.

Едит, дај образложи ни зошто не те казниле за поминување на жолто, впрочем самиот си инсистирал на тоа.