Само да го потврдам сомнежот на Златко.
Од кога ја земав 147,секогаш ја перев дома (имам услови во куќа сум). Од 2011 до 2017 го практикував ова, и иако колата беше произведена 2001, немаше ниту замаглени фарови, ниту оштетување на лак (за последново накверојатно не е фабричката боја ама нејсе)
Откако фамиликата ни се зголеми за 2 члена за кратко време и времето што го имав слободно се сведе н минимум, ја носев 1 или 1.5 година на локални перални. Интервал во просек на 2 месеци. Внатре сам ја чистев од хигиенски причини.
Од 2018 забележав за кратко време, замаглување на фаровоте, оштетување на кровот и една бројка изгубема од знакот 147, другите скоро ќе паднеа.
Еден член спомна дека на перални без проблем се вади и резидуалот штомсе создава при кочењето. Јас кога сум ја перел никогаш не сум успевал тоа да го извадам.
Ваљда по искуствата овде можеме да го најдеме виновникот, а не е тој што цело време си викаме, абе топла клима, сонце бла бла.
Уште еден фан факт, на татко ми Фелиција, произведена 1997, никогаш не е перена во перална и претпоставувате, како нови се.