Две возила постојано ги перев на самоуслужна перална во период од една година.
Двете се гаражирани, третирани на ист начин, експлоатирани не баш идентично. Едното дремеше во гаража речиси цело време, другото возило го возев секојдневно.
И кај двете возила се јавија истите симптоми:
- замаглување на фаровите (прво почнува со мала флека која после секое наредно перење се зголемува)
- лајсните од со хром изглед почнаа да се лупат, односно да се одвојува хромираниот слој од пластиката (на едното возило само не на двете)
- пластиките кои што се под брисачите на долниот дел од шофершајбната од црна боја станаа светло сиви
Едното возило кое што го возев почесто и го перам почесто, почна да јавува симптоми многу побргу.
На почетокот имав некое субјективно мислење дека симптомите се случајни и дека „му дошло време„. И не се замарав многу.
Ова возило пред некое време го продадов и има нов сопственик.
Тука на сцена настапува другото возило кое до тогаш не беше толку експлоатирано.
Започнав да го користам, перам речиси идентично како тоа возило што го продадов.
И симптомите се јавија, повторно и тоа по идентичен редослед.
Прво флеки на фаровите, па потоа приметив дека на една од ласните хромираниот слој е набабрен, и пластиките под брисачите почнаа веќе да се осветлуваат.
Ова за мене беше јасен сигнал дека единствено нешто што може да биде причината за таквите појави е начинот на кој што возилото е перено.
Затоа што реално не постои друга причина.
Двете возила не престојувале на отворено сонце секојдневно. Во последниве 6 месеци речиси и да не видоа сонце затоа што заради пандемијата работев од дома, и користев често велосипед. Возилата седеа во гаража.
Тоа е моето искуство. Немам линкови од Википедија и биохемиска анализа на шампоните, ама затоа имам „сувенири„ на возилата кои што се појавија мистериозно.
Веројатно исказот на
@Roci e точен за киселоста или агресивонста на шампоните.
Шампонот со кој се пере возилото одлично ги пере фелните и правот од сопирачките и многу едноставно и лесно ги отстранува мушичките од хауба.
Вообичаено овие две „нечистотии„ се доста тврдоглави кога пробувам да го перам возилото сам (што е реткост). Најчесто за да ги исчистам добро ми требаат помошни средства од Сонакс за фелни и мушички.
Отткука потекнува и причината за мојата дедукција да дојдам до причината за последиците.
Проблемов го дискутурав со неколку мои познаници кои што ги перат возилата на истите перални. Двајца од нив веќе полирале фарови на возила кои што се не постари од 6 години.
Случанјост?