Здраво на сите момци нов сум тука на форумов па би ве замолил за препорака и совет во план сум да купувам кола издвоените парични средства изнесуваат околу 4500евра поточно сум заинтересиран да купам Ford Focus од 2005 па нагоре исклучиво Дизел. На Реклама5 и Пазар3 се движат околу 4200 па нагоре зависи од годината, состојбата, опремата, и километрите ме интересира кој од следниве мотори е најдобро покажан најлесен за одржавање предности и маани кај истите и склон на почести кварови:>> 1.6 TDCI 80KW 110KS, 1.6TDCI 66KW 90KS, 2.0TDCI 100KW 136KS 1.8TDCI 85KW 116KS за секој совет и препорака фала ви однапред поздрав момци.
Хеј!
Јас имам Ford Focus 2007 1.6 tdci со 90кс. Моите го купија нов во Италија, па го увезовме кога се вративме во Скопје. Сега имам 160к поминати со него. На 100к се сменети кајши. На 130к се репарирани амортизери.
Останатото е
секои 15к менувам уље и филтер за уље
секои 30к менувам уље, филтер за уље, воздух, гориво и полен.
секои 60к менувам плочки
Антифриз на 3 години.
Друго апсолутно ништо не сум променил.
Најтопло ти го препорачувам, нај благодарна кола што сме ја возеле.
Потрошувачка во град е помеѓу 5 и 6 во лето, помеѓу 6 и 7 во зима.
Потрошувачка на отворено е помеѓу 4 и 5 во лето, помеѓу 5 и 6 во зима.
Воопшто не е осетлив на гориво, не размислувам на која пумпа му ставам гориво, на секое функционира совршено. Доволно е еластичен да го возиш лабаво со 4та низ град, си влече по угорници и сл.
Прегледен е, фаровите му се светли.
Ако имаш прашања, пуцај.