Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 239902 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #765 на: 13 Септември 2017, 23:24:54 pm »
Штета, одлична идеја беше Докторот.
Последен пат пријавен: Октомври 19, 2016, 14:28:50 pm
јас подолго време не сум бил на форумот,значи ништо од докторот...
дуле,незнам зошто не го препорачуваат ова уље од форд,мое мислење е дека е подобро од форд формула кое нема никакво потекло ни па нешто пишува на амбалажата.
шелов можам да го земам од генералните увозници кој 20 години го работат,проверено е.

на кратко,што е разликата помеѓу 5W-30 i 5W-40?

Не би требало да не исполнува спецификации, тоа масло е од подобрите.

Разликата меѓу 5-30 и 5-40 е што при работна температура на моторот, 5-30 е поретко тоест помалку вискозно од 5-40. Со други зборови посоодветно е за ладни клими.

Отсутен Richard

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #766 на: 04 Октомври 2017, 10:06:47 am »
Почитувани,
кое моторно масло е препорачливо за Форд Фокус мк2 2006 год. 1.6 тдци ?
Дали е во ред маслото Ford Formula 5w-30 ?
Исто така имам прашање околу затресување на моторот при палење и Гасење , дали би можело да станува збор за држач на мотор или проблемот е со дуал масс Замаец?? Инаку моторот во лер и при турирање си работи нормално без чудни звуци и вибрации ? Ве молам за мислење,
Благодарам однапред

Отсутен gryllotalpa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
  • Alfa 159
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #767 на: 10 Октомври 2017, 17:17:44 pm »
Почитувани,
кое моторно масло е препорачливо за Форд Фокус мк2 2006 год. 1.6 тдци ?
Дали е во ред маслото Ford Formula 5w-30 ?
Исто така имам прашање околу затресување на моторот при палење и Гасење , дали би можело да станува збор за држач на мотор или проблемот е со дуал масс Замаец?? Инаку моторот во лер и при турирање си работи нормално без чудни звуци и вибрации ? Ве молам за мислење,
Благодарам однапред

Го имам истиов фокус, возам со 5w-30, од нов до 160к без никаков проблем. Кој бренд го имал сервисерот кој го менувал, тој бренд сум го ставал.

Отсутен gryllotalpa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
  • Alfa 159
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #768 на: 10 Октомври 2017, 17:24:56 pm »
Здраво на сите момци нов сум тука на форумов па би ве замолил за препорака и совет во план сум да купувам кола издвоените парични средства изнесуваат околу 4500евра поточно сум заинтересиран да купам Ford Focus  од 2005 па нагоре исклучиво Дизел. На Реклама5 и Пазар3 се движат околу 4200 па нагоре зависи од годината, состојбата, опремата, и километрите ме интересира кој од следниве мотори е најдобро покажан најлесен за одржавање предности и маани кај истите и склон на почести кварови:>> 1.6 TDCI 80KW 110KS, 1.6TDCI 66KW 90KS, 2.0TDCI 100KW 136KS 1.8TDCI 85KW 116KS за секој совет и препорака фала ви однапред поздрав момци. :)

Хеј!

Јас имам Ford Focus 2007 1.6 tdci со 90кс. Моите го купија нов во Италија, па го увезовме кога се вративме во Скопје. Сега имам 160к поминати со него. На 100к се сменети кајши. На 130к се репарирани амортизери.

Останатото е
секои 15к менувам уље и филтер за уље
секои 30к менувам уље, филтер за уље, воздух, гориво и полен.
секои 60к менувам плочки
Антифриз на 3 години.
Друго апсолутно ништо не сум променил.


Најтопло ти го препорачувам, нај благодарна кола што сме ја возеле.

Потрошувачка во град е помеѓу 5 и 6 во лето, помеѓу 6 и 7 во зима.
Потрошувачка на отворено е помеѓу 4 и 5 во лето, помеѓу 5 и 6 во зима.

Воопшто не е осетлив на гориво, не размислувам на која пумпа му ставам гориво, на секое функционира совршено. Доволно е еластичен да го возиш лабаво со 4та низ град, си влече по угорници и сл.
Прегледен е, фаровите му се светли.

Ако имаш прашања, пуцај.

Отсутен Richard

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #769 на: 26 Октомври 2017, 08:34:51 am »
на стартување на моторот на форд фокус 1.6 тдци на 3 степени утрово ми се појави снегулка на шалт таблата? Што значи тоа дали некој може да ми објасни? Благодарам однапред

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #770 на: 26 Октомври 2017, 08:36:07 am »
Тоа ти е само предупредување за ниски температури надвор. Чисто да ти укаже дека е поладно, дека е можно пролизгување и слично.
Сметај го како потсетник да возиш повнимателно.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #771 на: 26 Октомври 2017, 08:53:46 am »
Кога ќе почнат минус температурите, и црвена ќе ти се појави. Сега е само жолта.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #772 на: 26 Октомври 2017, 09:39:47 am »
на стартување на моторот на форд фокус 1.6 тдци на 3 степени утрово ми се појави снегулка на шалт таблата? Што значи тоа дали некој може да ми објасни? Благодарам однапред

Скоро сите возила после 2000-та година, со борд компјутер,  го имаат тоа „предупредување“.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #773 на: 26 Октомври 2017, 15:36:29 pm »
Знае некој на колку км треба да променам свеќици? 86500км имам напраено од 2013. само редовни сервиси правам и сменив акумулатор летово, рикна фабричкиот.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #774 на: 26 Октомври 2017, 16:07:05 pm »
Знае некој на колку км треба да променам свеќици? 86500км имам напраено од 2013. само редовни сервиси правам и сменив акумулатор летово, рикна фабричкиот.
За фиестата? Нема свеќици кај дизел моторите.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #775 на: 27 Октомври 2017, 09:19:47 am »
Знае некој на колку км треба да променам свеќици? 86500км имам напраено од 2013. само редовни сервиси правам и сменив акумулатор летово, рикна фабричкиот.
За фиестата? Нема свеќици кај дизел моторите.

Sent from my MI 6 using Tapatalk



kako бе нема? хаха оокеј

а треба да сменам нешто? све си е ок. само осетив покрај нов акумулатор пак бара продолжено верглање некогаш. мислам 1 секунда повеќе од вообичаено ама мислев да не треба да се освежи нешто во колава

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #776 на: 27 Октомври 2017, 09:29:02 am »
Веројатно мислиш на греачи? Мислам дека кај сите понови коли доколку и еден од греачите не работи ќе свети чек енџин. А за 2 минути можеш да провериш со мултиметер дали греачите се ОК.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #777 на: 27 Октомври 2017, 12:40:11 pm »
Не свети џек енџин за греач.
Дури и ако се рикнати има шанси да си пали колата нормално.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #778 на: 27 Октомври 2017, 12:43:55 pm »
Кај меганот што е од 2004 1.9 дци си светеше сервис плус чек енџич дури и кога еден греач беше отиден. Нормално, не значи дека е така за сите.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #779 на: 27 Октомври 2017, 15:02:34 pm »
Кај мене на 147 беше еден греач исто така заминат. Ми јавуваше информација на палење, дека проблем со греачи. Ама си палеше исто како и претходно и немаше чек енџин сијаличе.