Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 2006  (Прочитано 133251 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #645 на: 01 Март 2016, 11:32:21 am »
Читај погоре, ти невозвратена опелска љубојно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #646 на: 01 Март 2016, 11:37:44 am »
Сообраќајната култура, почитувањето на правилата, особено давање предност и секогаш држење на најдесната слободна лента прави чуда. И покрај тоа, со свои очи имам видено верижен судар. Непријатна и страшна глетка. Инаку, и јас некогаш летам со 200 на аутобанот. Кога сум сам во кола, и нема сообраќај.
Најчесто возам 120 на темпомат на аутобан и 95 на Ландштрасе (регионален/магистрален). Внатре мртва тишина, лагано, муабет, музика, и секогаш стигам на време без нервози и напор.
Едит: Инаку над 130 ако возиш на Аутобан и направиш сообраќајка и си виновен, осигурувањето не исплаќа во целост.  ;)


Во Македонија се знае, 90-100 на регионален, 110 на автопат. И секогаш сите ги пропуштам. Кога влегуваат во макази, кочам, намалувам; кога сакаат на ризично место да ме престигаат сигнализирам со жмигавци, ако не разбере се истранувам лево за да разбере дека не е безбедно тоа да го прави. Барем на тројца им имам спасено живот/повреди со таков маневар во последната година во Македонија.  И да едни од поголемите копита и лудаци се Македонците по македонските патишта. Изнад граница, секогаш друга песна пеат.

Али ај да не му ја уништуваме темата на човекот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #647 на: 01 Март 2016, 12:17:20 pm »
Да ве потсетам: темпоматот работи дури и на 110 км/ч. Не мора да возат сите 160 па да се класифицира како бескорисен на македонски патишта.
Јасно. Тоа е и поентата. Колата си тера ти си правиш муабети, дури и побрзо ќе ти пројде времето.

А без него лесно залетува ногата кон поголеми брзини кои ако не ги пратиш знаците може да те исушат. Најважно е да не правиш колони на смртта со преспоро возење. Јас секогаш без исклучок видно се тргам за да ме поминат кога има коли позади мене во колона, и забрзувам ако сум се улежал. Мразам да им попречувам на другите како што многу луѓе тука милуваат да прават, и на други возила да им диктирам темпо на поспора брзина. Нема поселско и понесигурно нешто од блокирање возила позади тебе, и „терање на своето“.

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #648 на: 02 Март 2016, 00:04:10 am »
Супер работа друже, со здравје да си крузаш :)
Каде ја однесе на дијаностика за да го вклучат?

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #649 на: 02 Март 2016, 16:50:55 pm »
@Prcot, си завршил одлична работа. Честитам на упорноста и истрајноста - јас би баталил на вториот обид.

Темпомат е, за мене, задолжителна опрема за секое ново возило чија намена вклучува и користење надвор од урбана средина. Нема да го коментирам фактот што импортерите кај нас се уште продаваат возила без клима уред, а не пак темпомат. Како некој кој секојдневно вози Велес - Скопје - Велес, искуството од последните четири години кажува дека темпоматот е вклучен при повеќе од 60% од двата правци.

Претходното возило имаше класичен темпомат, сегашното има адаптивен. Просечните брзини на активација ми се движат помеѓу 110 и 130 км/ч. А доколку имав и ДСГ, немаше воопшто педали да користам.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #650 на: 03 Март 2016, 06:41:36 am »
Освен Дачија, има ли уште некој без клима во основно?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8955
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #651 на: 03 Март 2016, 10:41:11 am »
па ни дачија нема. може во ценовник го има ставено за да те лаже цената ниска ама сигурно немаат донесено ниедно така патничко.

е за комерцијалните незнам

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #652 на: 02 Јуни 2016, 15:28:37 pm »
3 месеца откако е наместен темпоматот засега без проблеми, испробан е повеќе пати на подолги патувања, Србија, Бугарија и Грција. Маката дали се исплатеше и да и не, нервозите беа огромни ама кејфот и уживањето на пат уште по големи.

Мегиво пред некое време заокружи бројка од 150 000км, моментално има 152 000км, е сега нема да пишам без проблеми пошто имаше. Тама наполни 150 000 се појави проблем. Проблемот беше мал ама можеше да направи огромна штета.
Ја вадам колата од гаража излегувам од неа и слушам чудно тропање во моторот. Ја вратив одма не ја возев, утре дента правец мајстор. Отидов кај мајсторот кај што ја одржувам последно време, ја гледаа и установиа дека е ременица на алтернатор. Ми препорачаа да не се вози поради ризик да го скине линискиот каиш. Го прашав за цена ми рече околу 3500 денари заменски дел а оригинал најмалце дупло. По муабетот отидов директно во Аутомотив груп. Немаа време ни да ја видат за жал ама после натегање излезе мајсторот и даде иста дијагноза. Во резервни делови ми рекоа дека треба да се размонтира па да се види што модел е алтернаторот, но делот би чинел околу 10 400 денари оригинал и имал на лагер. Отидов дома разговаравме и одлучивме да им ја оставиме на нив да ја прават бидејќи мојов мајстор ми рече требало да се чека. Пошто нејќам никакви импровизации. Утре дента беше сабота, братот ја однесе колата во 10 часот сабајле и се договориле а ја растурат па да се јават за цена колку ќе биде. Ги чекавме саботата ги немаше да се јават добро ајде сабота е, понеделникот ги очекував секој момент да се јават, отидов до таму со брат ми во 3 саат попладне и ја гледаме колава не мрдната од кај што ја оставил и отклучена башка се вртиме околу неа и установивме дека ни сантим не е поместена од саботата. Не влегов внатре, туку им свртев на телефон додека стоев до колата, ги прашав до кај е седанот со таа и таа регистрација? Тој од таму ми вика моментално се работи на него ќе ви свртиме во теков на денов ако не утре сигурно... Си реков ајде и отидов до хубо маркет свртев два круга и пак се вратив колата уште стои. Им влегов ги прашав дали е почната колата воопшто, господинот ми одговори дека ја почнале да ја работат ама некако наеднаш гужва се створило внатре па ја извадиле... Со осмех на лицето му реков дека не ја чепнале 3 дена и ќе си ја земам. Ми кажа само кога имал слободен термин утре. Утре дента им се јавив на Аутомотив и побарав да зборам со некој одговорен и после разговорот ми се јавиа да се извинат и да закажат термин ама веќе јас колата ја однесов кај мојот мајстор.
Мајсторите ја отворија, газдата не знам како ама низ цело скопје не можел да најде ременица заменска и после ми се јави и ми вика едвај најдов еве кај мене е некоја шпанска била 4500 сосе рака. Го прашав дали може ја да барам да си ја земам старата и со мустра ќе барам. Ја земав и видов дека оригиналната е ИНА и со таа правец во Солид пошто они ми се пријателчиња, добар ден добар ден ременица за 1.5 ДЦИ? Дај да видам отиде и донесе потполно иста таква, колку е 2900. Повели парите, фала многу! Отидов му ја дадов на мајсторот дадов за рака и тоа е тоа.
Малтретирање 1 недела со тоа ебаго.
Стара

Нова



Поздрав

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8955
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #653 на: 02 Јуни 2016, 16:41:44 pm »
резил за аутомотив, ама не ни очекував нешто подобро од нив.

овластениве сервиси се повеке и повеке почнуваат со идиотски однос према клиенти. да видиме до  кај ке стигне

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #654 на: 03 Јуни 2016, 07:24:56 am »
10400 за еден лагер, а под оригинал ќе ти го ставеа истиот што ти го купе од продавница. Мора некако арамилук да се прај.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #655 на: 03 Јуни 2016, 19:24:06 pm »
Ова поинаку кумплуг шајбна се вика ? Исто ми изгледа... Кај мене на 118.000 почна да тропа (луфта јавило).. Го возев 300/400км се додека не ми откажа акумулаторот и изгубив серво, абс, радио и остали работи.. Само фаровите светеа по малце..
Другата ден порачав 3100 денари.. незнам што марка беше...

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #656 на: 13 Јуни 2016, 20:10:52 pm »
резил за аутомотив, ама не ни очекував нешто подобро од нив.

овластениве сервиси се повеке и повеке почнуваат со идиотски однос према клиенти. да видиме до  кај ке стигне
Резил се голем јас веќе не им одам таму, не дека претходо нешто редовен бев ама толку од мене...
10400 за еден лагер, а под оригинал ќе ти го ставеа истиот што ти го купе од продавница. Мора некако арамилук да се прај.
Ќе си платев 10500денари кутивче на кое пишува Рено...
Ова поинаку кумплуг шајбна се вика ? Исто ми изгледа... Кај мене на 118.000 почна да тропа (луфта јавило).. Го возев 300/400км се додека не ми откажа акумулаторот и изгубив серво, абс, радио и остали работи.. Само фаровите светеа по малце..
Другата ден порачав 3100 денари.. незнам што марка беше...

Тоа е тоа кумплуг шајбна..

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #657 на: 19 Јуни 2016, 23:17:05 pm »
Во четвртокот 16,06,2016 купени 2 нови летни гуми Good Year EfficientGrip Performance 91W Made in Germany од Макпетрол за 4340 денари парче. Гумите се покажаа на отворено за овие 1000км како малце побучни од Континенталот. За во град ќе допрва ќе видиме. На пролет ќе ги смениме и другите двe исти такви. Некако имам чуство дека помалце ќе троши  ;D ;D ;D ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #658 на: 19 Јуни 2016, 23:20:10 pm »
Реков јас дека се бучни и тоа не баш малце, туку едни од најбучните гуми што постојат, а на ниеден тест тоа не го пишува, #спонзорираниTестови. Грипот е многу добар накај одличен,. Комфорот е добар само ако температурата е над 30 степени, на ладно се крути.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #659 на: 20 Јуни 2016, 08:58:26 am »
Лоша работа се бучни гуми. Многу лоша.