Петто, се однесува за Фило и за Миле, а и за сите други што ги интересира. Зошто мерењето на температура на разладната течност понекогаш има катастрофални последици. Во поновата историја Форд Екобоост моторите (1.0 и 1.6) имаат сервисна акција/recall токму поради тоа. Ќе дадам пример од БМВ. Моето претходно бмв (318и) имаше мотор дизајниран во ерата на мотори кадешто валветроници и варијабилна температура се користеа како контролори на перформанс и емисии. ЗНачи во еколошки режим овој имаше работна температура од 105-110 степени (читај температура на разладна течност). На автопат и на крузање понекогаш температурата контролирано се качува докај 112 степени. Кога возиш поагресивно, ја спушта температурата на разладната течност во ранг на 78-95 степени). Заради таа заебанција, самиот мотор има радијаторче за ладење на маслото, затоа што стапот за оддржување на колку толку константна температура го јадеше и тоа. Но тоа во исто време, кога возиш агресивно, се покачува температура на усис, се покачува темепратура во кошот на моторот, зголемување на температура на сите метални компоненти во моторот и во превод значи зголемување на амбиенталната температура, иако според сензорот на температура на разладна течност, таа е околу 80ина степени додека го пржиш околу 210 на аутобан.Поради истата причина, сите БМВ М-коли, имаат и температура на разладна течност НО и температура на масло, И имаат редундантни мерачи на притисок на маслото. Затоа што, ако ја запнеш, системот за ладење ќе ја оддржува во граници на работна температура, но не можеш целата топлина што се создава од согорувањето да ја извлечеш од самиот мотор. Зошто штракаат хидрауличните подизачи после пржење, а колата е во норми на работна температура според температурата на разладната течност?
Во ред, ама сепак сметам дека тоа не треба да се означува како ''напрегање на разладниот систем'' туку едноставно само побрзо загревање и поспоро ладење на разладната течност и ништо повеќе.
Го спомнуваш горењето на вентили. Јас колку што знам вентилите не се составен дел на разладниот систем. Тоа што евентуално на некој мотор би изгорел вентил незначи дека разладниот систем бил оптеретен.
Дали заради тој изгорен вентил кој ете прептоставката е дека заради плинот и неговата поголема топлина што се развива, настрадал некој дел кој е дел од разладниот систем, односно дали успат настрадало некое црево, некој канал, ладилник, водна пумпа, термопрекидач, сензор за температура, термостат и водна пумпа ?
Кога еден од овие делови што ги набројав а го сочинуваат разладниот систем настрада како резултат на поголемата температура од страна на плинот, тогаш можеме да кажеме дека системот се напрегал.
Досега не сум слушнал дека црево, термопрекидат, поготово водната пумпа која постојано во текот на животниот век на моторот врти за да ја турка водата, дали водната пумпа настрадала заради плин ? Дали ако вентил ти изгори заради повисоката температура од плинот ќе смениш водна пумпа ? Или само вентилот ќе го смениш ?
Затоа велам, погрешен е терминот ''напрегање". Просто и едноставно, побрзо загрева, поспоро се лади антифризот.
За мене напрегање на разладниот систем би имало пример наместо вода/антифриз, да ставиме масло (или било каква густа течност што тешко тече) и во таков случај да стане збор за напрегање затоа што маслото не тече толку лесно како антифризот, па се оптеретува водната пумпа.