...
Овие се мои размислувања и логика како лаик во овие работи. Не знам дали е точно, но според моите познавања ми изгледа логично. Некој друг што разбира повеќе, може слободно да ме исправие каде грешам.
Тоа што си напишал е како работи принципот на ладење на мотор со внатрешно согорување и дека системот за ладење никако не се напрега затоа што е механички сврзан со радалицата и ја циркулира разладната течност пропорционално со бројот на вртежи на моторот и дека перката врти само на високи температури на разладната течност.
Прво, плинот има пониска калорична вредност, се запалува една идеја побавно и поради тој процес создава екстра топлина (некаде околу 800 степени, додека бензинот гори околу 600степени). Поради неговата пониска калорична вредност за да има колата сразмерна сила како кога вози на бензин, најголем дел од вбризгувањата на плин количински се околу 10-15% повеќе отколку на бензин. Процентуалната ефикаснонст на еден мотор со внатрешно согорување е околу 30тина проценти. Другата енергија од согорувањето во најголем дел се исфрла како топлинска енергија. Со други зборови, повеќе гориво кое согорува во цилиндрите е еднакво на повеќе топлинска енергија која треба да ја снема по најбрз можен начин од цилиндрите.
Е сега, блокот и главата се легури и композитни материјали кои имаат термичка стабилност и се отпорни на најразлични деформации предизвикани од топлина, мораат таа топлина (+ екстра топлината од дополнителното гориво) генерирана од согорувањето да ја предадат на разладната течност што кружи низ нив, на маслото што кружи низ нив, на воздухот што го опкружува моторот, и на сите надворешни метални делови кои се физички сврзани со блокот и главата на моторот. Но, станува збор за топлинска енергија што има повисока темепратура (+200 степени) и поголема количина. Од друга страна моторот е изолиран од сите страни за да биде во колку толку стабилна околина за да оддржува работна температура без да има топлински губитоци. Но тоа е пресметано за кога работи на бензин, а не на плин. Плус, самата издувна грана/издув е таа што делува како греач и ја подигнува амбиенталната температура во кошот кадешто е сместен моторот. Сепак, пожешка е за 200 степени во простор кој е со волумен од 1 кубен метар. Таа повисока амбиентна температура има голем ефект кој влијае на ефикасноста на самата перка која го лади радијаторот/ладилникот, и ако возилото има клима големо влијание и врз клима радијаторчето. Е сега, дали перката е со вискозно поврзување, или е електрична со многу брзини, секогаш ќе работи во повисок пренос (и повеќе вртежи) за да ја оддржува разладната течност на температура од 90-100 степени (зависи која е работната температура). Зголемена амбиентална температура и екстра топлинска енергија на согорување значи зголемена температура на сите компоненти во моторот и наместо да се ослободуваат од таа енергија со тек на време тие стануваат како акумулатори на топлина. Од друга страна потопол амбиент значи и потопол воздух, што е еднакво на пореток воздух и во превод значи помалку кислород. Ако возилото нема турбо/компресор и интеркулер е уште поголем проблем затоа што тогаш имаш уште повеќе топлина заради шашаво согорување.
Второ, самото моторно масло мора да лади внатрешни компоненти кои се изложени на повисока температура. Ако нема вградено ладилниче за масло (или со разменувач на топлина со разладна течност, или со воздушно ладење), маслото се лади со пренесување на топлинската енергија во блокот на моторот. Но, таму веќе има покачена амбиентална температура поради потоплото согорување/издувуање на плинот. Ако има воздушно ладилниче за масло, тоа не работи оптимално, затоа што нели, има повисока амбиентална температура. Ако има ладилниче за масло со разладна енергија, тоа ќе придонесува дополнителена работа на перката/ладилникот за да ја извади топлината од самото масло (во превод перката работи на повисок степен) Ако земеш да ја пржиш на плин до ограничувач на некој автопат/патека/штоидае во продолжение од стотици километри, колата пак ќе биде во границите на работна температура и теоретски не треба да и биде ништо. Ама во реалноста не е така ни на бензин, а камоли на плин.
Трето, зошто горат вентили кога се вози на плин? Ако е исто како на бензин, зошто многу коли имаат капалки и се осетливи на таков тип на алтернативни горива. Едноставно самите легури од кои се изработени компонентите не издржуваат такви повисоки температури и нема начин да останат стабилни, недеформирани, и нема физички можности таа екстра топлина да ја предадат на воздух/амбиент/разладна течност.
Инаку да, во процесот на преминување од течна во гасовита состојба на плинот, ја лади разладната течност. Ако возиш динамично или држиш темпо, дали тоа ладење на разладната течност е доволна за да компензира за страничниот ефект на повеќе топлинска енергија од согорувањето на плин.
Тоа е накратко зошто јас мислам дека плинскиот систем го намалува животниот век на моторот со тоа што го тера да работи на повисока температура, и системот за ладење мора да работи екстра за да го оддржува моторот во работна температура. Овој пост нема намера да одврати некој од користење на плин како гориво. Јас мислам дека треба да се користи како погонско гориво, ама самиот мотор да биде специјално дизајниран за него (а не да се изведуваат самонаправени гимнастики и после цацко е крив).