Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 2252171 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6765 на: 03 Јули 2018, 23:25:44 pm »
Во теорија, теорија и пракса е исто, во пракса имаш не менавање уље на препорачани км, газење до 8.000рпм на дизел ( од 5-та втора ), на ладен мотор (дур е под гаранција, да би си мислеле инжинерите * ), па партиски тендери за лошо гориво, некој ќе вози на 100м надморска висина, некој на 5000 и тн и тн. Инжинер си јбг, лора се да предвидиш. Тоа општо. 
По конкретно со кој сензор ќе мериш температура или понашање на молекул? Од што се состои еден молекул. Дали си сигурен?
Немаме појма од што се состојат атомите, не зннаеме од кај им се гравитацијата електрицитетот итн,

Зборот ми е луѓево се отепаа од нанплин возење, сега ни ќе праеме експертски анализи дека плинот не чинел. Оти? Дека ќе возиш 160 наместо 165 или дека ќе имаш дилај ( задоцнување ) 0,2 секунди а ќе плаќаш 60% ( одоко, сосе монтажа и одржавање ). И ја се заебав со дизелот ама тоа не е причина да плукам по ефтиниот плин.
* од кај знајш кој будала ќе вози

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6766 на: 04 Јули 2018, 00:25:29 am »
Читам и не ми се верува :)
Недостига уште дека земјата е плоча и ја носат четири желки ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2838
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6767 на: 04 Јули 2018, 11:22:33 am »
Користат и Shell точно, но имаат и Селениа дека се официјални увозници на тоа масло.
Мојата информација е дека не увезуваат селениа повеќе.
Гледам дека во последно време форсираат Шел масло (има акција моментално, која патем ја искористив пред некој ден), него ме интересираше за Селениа, гледав некои цени и кај нас се движи околу 700 ден за 1л (во Автофилтер) а во Србија од 400 до 550 ден за 1л, што не е мала разлика......и има една понуда од Авто Волф кај нас за 500 ден 1л ама не ми се познати тие, не ми се ризикува, чисто во иднина да знам каде да земам, сега за сега не ми треба ама не е лошо да се знае
а каде е таа акција за шел маслата?
Аутомобиле Ск и Сервис Илија (овластените на Фиат)
Своерачен потпис ;)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4222
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6768 на: 04 Јули 2018, 15:46:58 pm »
Мора еден састанак (дебата) во живо да направиме на темава :D  burning rate of the propane is faster than the burning rate of gasoline преведено во инженерска смисла значи брзина на ширење на пламен на горивото. Ако добро паметам, за бензин се зема околу 20-30m/s при средни вртежи и стандардна компресија. Разликата во начинот согорување е огромна бидејќи LPG има поголема октанска вредност, помала енергетска вредност ама поголема брзина на ширење на пламен.
Главниот проблем при вградување на системите за плин на постоечки бензински мотор е тоа што плинскиот ситем регулира вбризгување на гориво, но не и контрола (агол) на палење на свекица. Тука е главниот проблем со прегревањето, горење на издувни вентили итн...
ps. во моменотв не можам да ја најдам правилната илустрација за проблемот, но оваа доволно го прикажува проблемот.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

моторите што имаат поголем компресиски сооднос имаат вграден knock control што „автоматски“ го штелува палењето. ова е проблем кај апла-старите коли.

да не правиме муабет што ова на графата не е 100 % точно и не важи за сите коли. конкретно на мојата кола (opel calibra 2.0 150hp) имам проблем со палењето (и на бензин и на плин) -> пре рано пали(-4 степени), и кога ја возам на плин веднаш доаѓа до engine knock и губам 50 % од перформансите. плинот е современ landi renzo систем со дизни.

Имаш познавање но не целосно. Не секогаш се јавува knock од прерано палење, особено кај LPG кој има доволно октани и е доволно отпорен на тоа. На ладен мотор и многу октани, иделна смеша, прерано палење нема да појави knock, туку  експлозијата ќе се случи порано, те. ќе го кочи моторот.

1. прерано палење прави преголема компресија/притисок во цилиндарот што предизвикува engine pinging (knock) и + ќе го кочи моторот. ситуацијава ја имам испитано на дијагностика и гледам дека дури и на помали обртаи од прерано палење доаѓа до pinging и за да не се оштети моторот палењето потоа автоматски е закаснето.
2. погледни ја убаво сликата што ја стави. кој црн crankshaft degrees advance треба да има на 0 RPM? тоа е прв доказ дека има нешто fishy на сликата.
3. повеќето бензинци имаат 8-12 степени bTDC раније во лер (~1000RPM), на Calibra 2.0 16v 150hp, палењето во лер (фабрички) е 16 степени bTDC. иако е малку постар мотор, има 10.5:1 компресиски сооднос, како помодерните мотори. на сликата, во лер за бензин палењето е само 6 степени bTDC, што нема никаква логика, ОСВЕН ако не станува збор за мотор со турбо, а не верувам тоа да е така. уште една работа што ја прави сликата уште по сомнителна.
1. Не значи дека секогаш горивото ќе почне да детонира, особено ако се работи за високо октанско гориво кое е отпорно на самопалење.
2. Да, сликата е добра. Моторите имаат мапи (табели) за палење чии подрачја претставени во графикон изгледаат баш вака + имаат Y оска (load) која може да биде MAP (volumetric efficiency), MAF (проток во грами), TPS (Alpha-N) или комбинација од овие такозвана hybrid Alfph-N. Последен дешавка на темава: тркачки мотор со ниска компрсија (околу 10:1) на верглање најубаво палеше на 5-6 степени BTDC, додека друг тркачки мотор со висока комрепсија (над 13:1) најбаво палеше некаде над 6 ATDC (6 степени после горна мртва точка).
3. Овде тотално си ја погрешил суштината те. логиката. Мотор со ниска компресија (турбо мотор) има поагресивно палење кога не е во буст поради ниската компресија која ја намалува брзината на ширење на пламенот, но ВО БУСТ поради многу брзото ширење на пламенот од зголемената компресија, палењето оди во касно.

И за крај, сликата е илустрација, а не 102.5% реален пример. :)

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 795
  • .
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6769 на: 04 Јули 2018, 15:50:49 pm »
Користат и Shell точно, но имаат и Селениа дека се официјални увозници на тоа масло.
Мојата информација е дека не увезуваат селениа повеќе.
Гледам дека во последно време форсираат Шел масло (има акција моментално, која патем ја искористив пред некој ден), него ме интересираше за Селениа, гледав некои цени и кај нас се движи околу 700 ден за 1л (во Автофилтер) а во Србија од 400 до 550 ден за 1л, што не е мала разлика......и има една понуда од Авто Волф кај нас за 500 ден 1л ама не ми се познати тие, не ми се ризикува, чисто во иднина да знам каде да земам, сега за сега не ми треба ама не е лошо да се знае
а каде е таа акција за шел маслата?
Аутомобиле Ск и Сервис Илија (овластените на Фиат)
фала, 700 денара литро кошта кај аутомобиле ск
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6770 на: 04 Јули 2018, 16:23:54 pm »
Читам и не ми се верува :)
Недостига уште дека земјата е плоча и ја носат четири желки ;D
Си видел каква е? :) што има везе, си функционира, каква и да е. Исто и со плинот, ојш го местиш возиш за упола цена и не се замарш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6771 на: 04 Јули 2018, 16:37:07 pm »
Читам и не ми се верува :)
Недостига уште дека земјата е плоча и ја носат четири желки ;D
Си видел каква е? :) што има везе, си функционира, каква и да е. Исто и со плинот, ојш го местиш возиш за упола цена и не се замарш.
Мислев на атомите, молекулите, итн.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6772 на: 04 Јули 2018, 16:50:10 pm »
Тоа велам, поефтино е на плин,одлично фукнкционира, па што сака нека се дешава во металот внатре, и со температурите и со не знам ти што :)
Битно функционира и е ефтоно, не ми е битно како :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6773 на: 04 Јули 2018, 16:57:17 pm »
Тука си прав.
Ама не кажувај дека не знаеме од што се состојат атомите, од каде им е електрицитетот итн. ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6774 на: 04 Јули 2018, 17:21:46 pm »
Јас не знам :)
Ти можи знаеш оти електроните се негативни, ама јас не знам :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34486
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6775 на: 04 Јули 2018, 18:09:35 pm »
Јас не знам :)
Ти можи знаеш оти електроните се негативни, ама јас не знам :)
Ако не знаеш можеш да речеш Господ така го направил светот за 7 дена и дека земјата е 6000 години стара и да не се замараш.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6776 на: 04 Јули 2018, 18:15:14 pm »
Читам и не ми се верува :)
Недостига уште дека земјата е плоча и ја носат четири желки ;D

Благодарение на форумов утврдивме дека земјата е елипсоидна и придвижена од два 1.9 tdi мотори.
Во иднина се очекува промена на моторите со бензински, па поставување на плински уреди. ;D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6777 на: 04 Јули 2018, 18:35:10 pm »
Јас не знам :)
Ти можи знаеш оти електроните се негативни, ама јас не знам :)
Ако не знаеш можеш да речеш Господ така го направил светот за 7 дена и дека земјата е 6000 години стара и да не се замараш.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=984973484986354&id=276157035868006
 :D
Ќе требит да постам после, што исто така не е едноставно.
Него остај тие работи, ојш, редиш плин не се замараш ни со едното ни со другото и си среќен :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34486
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6778 на: 04 Јули 2018, 18:37:52 pm »
Јас не знам :)
Ти можи знаеш оти електроните се негативни, ама јас не знам :)
Ако не знаеш можеш да речеш Господ така го направил светот за 7 дена и дека земјата е 6000 години стара и да не се замараш.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=984973484986354&id=276157035868006
 :D
Ќе требит да постам после, што исто така не е едноставно.
Него остај тие работи, ојш, редиш плин не се замараш ни со едното ни со другото и си среќен :D


Не е плин за секого батка. Не е толку едноставно.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6779 на: 04 Јули 2018, 18:45:17 pm »
нема јас да го местам :)