Автор Тема: BMW и неговите модели  (Прочитано 228378 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #360 на: 13 Септември 2017, 14:05:14 pm »
Можевме рај на земјата да имаме, ама се одлучивме за Јутјуб, твитер и економско робовладетелство. :)

Good job earth! :)

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6415
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #361 на: 13 Септември 2017, 14:20:19 pm »
Ти си одлучи и запамти го тоа, роб на сопствениот ум.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #362 на: 13 Септември 2017, 14:33:50 pm »
Така е! Свашта.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #363 на: 13 Септември 2017, 14:34:06 pm »
@vlatko.klp ...да ти доловам зашто Дени е во право, па како сакаш сфати:

Во саботата имав свирка во еден од кафичите на сред Кеј.
Бидејќи сум товарен со опрема, цело лето го користев оној службен пролаз позади трафиките каде поминуваа камиони кога се градеше плоштадот...
Тој пролаз е генерално шеталиште и за да можеш да поминеш со кола тој средниот стуб треба да е спуштен...ја оставаш опремата и се паркираш на друго место..паркинг, гаража...сеедно.

Оваа сабота стубот не беше спуштен и фино лепо (иако изнервиран) си ја паркирав колата пред него и на рака ја м`кнев цела опрема до кафичот..во неколку наврати...

Кога се вратив да ја препаркирам  колата во гаража, до мене улета бело X6 ново...милиметарски да ми закачи десен ретровизор,,,
Почекав да видам кој е и од него излезе една дебела свиња, која откако виде дека е стубот кренат, клекна и го откорна лимениот капак од каде се контролира стубот, си го спушти и си продужи мангупски позади кеј....

Ме занимаше што толку му беше итно и тргнав по него, само за да видам дека нема ниту товар, ниту опрема, туку типот сакал џипот да му е паркиран до сепарето на кое седеше со уште 2-3 прасиња слични на него. Жени ни на километар од нив. ;D

Тоа, пријатељу, ти е олицетворението на денешните луѓе кои дошле до јака пара да возат скапо БМВ.


Ретко, скоро никогаш нема да видиш човек како излегува од  скапо БМВ и да си речеш "Алал, да му е, сигурно многу учел и се трудел за да го заработи"..туку ќе речеш "Ооо море крмак дебел, нема да умреш ако попешачиш 15 метра пешки од паркинг до сепаре...па уште и капакот го откорна за да влезеш со новиот џип сите да те видат".

Правилно или не, во моментов не е битно.
Битно во 90 тите, ова го немало.
Денешното време дозволува луѓе со таков ментален склоп да стигнат до X6..
Тоа е грешка на времето во кое живееш...последица на извртени општествени вредности...како сакаш кажи...и никој не е роб на својот ум ако го гледа тоа околу себе ..А во Скопјево братче, го гледам скоро секој ден...

And on THAT bombshell....новото БМВ 8 никад нема да го има статусот како старото.  ;D
« Последно менување: 13 Септември 2017, 14:54:15 pm Stratro »

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6415
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #364 на: 13 Септември 2017, 15:01:54 pm »
@Stratro Ама тотално и ти и Дени не разбирате што сакам па јас да кажам. Кој е прав и крив?! Воопшто не. Неможе само од ваши примери, ваши иксуства, ваш начин на размислување да носите тешки заклучоци. Не иде тоа така.

Во 90тите било нормално да фрлаш ѓубре од 13ти спрат, било многу нормално да ја вработиш жена ти кај тебе у фирма пошто нели тебе ти е жена и ти се може, било нормално да ја крадеш сопствената фирма на било кој начин. Не дека и сега не се случува, таман работа. Па цел ситем од најдолно до најгорно функционирал преку врски, мито, корупција. Тоа е врежано во самото општество. Ја користам и оваа прилика да ја прочиташ книгата Institutions, Institutional Change and Economic Performance од Douglass C. North https://www.scribd.com/doc/52858859/Institutions-Institutional-Change-and-Economic-Performance-NORTH-Douglass-C поготово страна 36 Informal Constraints. Таму многу убаво се објаснети некои работи конкренто за муабетов што го правиме.

Пошто ние тука сме љубители на автомобили, ја разбирам прикаската со дебелата свиња и нов автомобил од илјадници евра. И? Некој рандом дебил да дозволам да ми ги контролира моите нерви и мисли? Не благодарам.

Дени ти слободно продолжи да го трошиш твоето време со читање коментари на јутуб и живеј си во тој свет.


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #365 на: 13 Септември 2017, 15:09:06 pm »
Само мала корекција...


Денес е нормално да фрлаш ѓубре од 13ти спрат,  многу нормално да ја вработиш жена ти кај тебе у фирма пошто нели тебе ти е жена и ти се може, нормално е да ја крадеш сопствената фирма (или државната каса) на било кој начин. Па цел ситем од најдолно до најгорно функционирал преку врски, мито, корупција. Тоа е врежано во самото општество.

Пошто ние тука сме љубители на автомобили, ја разбирам прикаската со дебелата свиња и нов автомобил од илјадници евра. И? Некој рандом дебил да дозволам да ми ги контролира моите нерви и мисли? Не благодарам.



И никој не ми контролира ништо...најмалку расположение.
Мене и да ми полконат X6, за 24 часа ќе се најде во оглас со убав попуст.
Не би се мењал со свињата ни ментално, ни материјално , а најмалку физички.

Книгата би ја прочитал, ако најдам време. :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #366 на: 13 Септември 2017, 15:19:11 pm »
Драго ми е што се разбираме. Еве и BMW за на темава.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #367 на: 13 Септември 2017, 15:34:53 pm »
И од мене еден мотор...




Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #368 на: 13 Септември 2017, 15:41:54 pm »
За стереотипот на X6 и карактерот позади волан се согласувам. Мада, и тука сум убеден дека „гласно малцинство“ е за кривење

За ова подоле, не се согласувам

And on THAT bombshell....новото БМВ 8 никад нема да го има статусот како старото.  ;D

Можеби не во твоите очи. Но во очите на некој што денес има 5-8 години, и ќе го гледа новото BMW 8 на интернет (наместо во магазини, како што ние сме ги гледале колите) и ќе му се восхитува на моќта, дизајнот и играчките, ќе го има истиот ефект.

За него, старото BMW 8 ќе биде истото што за нас денес е некоја стара кола на која нашите родители се восхитувале, а ние ја гледаме како.. Oddity from the past.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4754
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #369 на: 13 Септември 2017, 15:50:08 pm »
И од мене еден мотор...
::)
Ако сакаш и од мојата ќе ставам видевце :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #370 на: 13 Септември 2017, 16:08:14 pm »
Клипче! Клипче! Клипче!

Особено е значајно зошто е од дизел.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #371 на: 13 Септември 2017, 16:26:29 pm »
BMW X6 на 90тите:



Криминалците во тренерки не возеа џипови во деведесетите, возеа БМВ 8, Корвети, БМВ 7, Ауди и слично :)

ЏејЗи на 90тите:


Овие на сликиве погоре претпоставувам дека се класа луѓе од 90тите ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #372 на: 13 Септември 2017, 17:20:43 pm »
Така де.
Не е ни блиску до големите момци ни по цена, ни по мотор, како што неговиот претходник бил.
Затоа није то то.



Оваа осмица нема да ја возат истиот тип на висока класа луѓе како што тоа било со претходникот, кои покрај купето имале упаркирано обавезно уште една седмица седан.

Новава ќе ја возат истите клошари на кои им досадило да возат Ауди S5...

А дека AMG V12 е крајно непотребен мотор, мислам дека треба да им кажеш лично на нив...може ќе те послушаат.


И самите АМГ си знаеја дека им е непотребна в12ката затоа 15 години истиот мотор го продаваа и на крај само турбо му ставија од што не сакаа нов в12 да прават(затоа што е непотребен).

Што сакаш со болдираниов дел да кажеш?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #373 на: 13 Септември 2017, 17:22:33 pm »
Непотребен ≠ Непрофитен

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #374 на: 13 Септември 2017, 17:29:02 pm »
Како тоа е непрофитен кога моделите со в12 се 100к евра поскапи, профитабилни се, ама непотребни.