Боки, потписот као „не може секој да има хонда, тоа е чест и привилегија“ те прави отворен за сеир.
Е сеа.. Секој производител има свои проблеми. Не викам не. Хонда во моментов се справува со проблем многу различен од механички гремлини и такви работи.
Хонда се справува со непривлечни и неинтересни возила. Не за џабе Хонда во Англија се асоцира со пензионери. Генерално, имаат проблем со довршување на дизајните или па предизајнирање. Case in point е новиот CR-V. Од напред изгледа убаво. Од страна изгледа прифатливо. Задниот дел као да го привршиле пред пауза за ручек, на брзање. Истата приказна е и со Цивикот, а богами и со новиот Џез. За Цивик Седан да не праиме муабет.
Тоа е моменталниот проблем на Хонда. Прават коли кои не се доволно прифатливи за масовно купување.
Се слагам скроз. Honda ко да го губи ентузијазмот, ко да ги губи идеите, и не нуди ништо ново или свежо. Ко да ја менува стратегијата кој која целна група на луѓе да пристапи, односно нуди добра поузданост, практичност и толку. Во суштина новите модели на Honda се препакувани постарите модели без есенцијални промени.
Новиот ЦРВ за мене не нуди ништо ново, нешто има испеглано, нешто има изгубено, во поглед на дизајн е оружнет.
Акорд е супер све, ама е досаден, и пре конзервативен.
Џез е одлична кола, што не знам што ќе се случи во новата верзија, ама првите слики мене лично ми се враќање назад во дизајнот.
Цивик е фина кола, не е лоша, ама Мазда 3 нуди повеќе емоција и повеќе свежина. Исто претходната верзија на Цивик, важеше за релативно расиплива кола.
Хонда е веќе кола што ја купува некој што не сака да се замара со надградби, и слично, туку сака практичност, удобност, безбедност и да не се зеза по сервиси.
Во исто време Мазда е тотално полна со ентузијазам и свежина во своите нови модели. За мене сегашната Мазда е у ствари тоа што била Honda претходно.
Дарко