Автор Тема: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани  (Прочитано 32783 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #30 на: 14 Јануари 2014, 02:00:35 am »
Како ја величите Хонда како кизнај шо да е, јас колку што знам нема никаква посебна историја, ни пак  ги има нешто позначајно во спорт... HONDA мотори да ми речиш, кола мееехх.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #31 на: 14 Јануари 2014, 02:13:35 am »
ХА ХА ХА со големи букви Хонда како нај голем производител на мотори за автомобиле во светот водечки во производство немале историја. Прекрасно

Е јбг некогаш тешко се поднесуваат некои факти али тоа е секој си свое право нели? ;)
« Последно менување: 14 Јануари 2014, 02:24:20 am bokicivic »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #32 на: 14 Јануари 2014, 02:38:28 am »
Факт е дека е меѓу најголемите производители на мотори, први вградиле В-Тек (не гледам некој друг да пробува да ги имитира), Хонда Цивик била и сеуште важи за една од најекономичните коли...

Wow да се мочам во фактите, 7/10 врска немаат врска со некаков автомобилски спорт или нешто посебно да произвеле во светот на автомобилите ::)

http://www.10-facts-about.com/Honda/id/1076

 п.с
However, the overwhelming hypothesis is that Hondas are reliable, and will not deteriorate rapidly after you drive them off the dealership lot. However, that does not prove that Hondas are "better," and so the debate rages on.

and even if many people can concur that they personally feel Honda is better, that does not make their repeatedly-stated opinions a fact

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #33 на: 14 Јануари 2014, 02:50:50 am »
Коментаров Made in UK (oчекувано). Дај твои лични факти твое искуство ако го имаш ако знаеш како функционира моторот нели 4 тактен ова она клипот горе доле. Па да правиме муабет.
На кој мајстор да појдеш да кажеш купив Ренаулт да прашам што како треба да сменам каиши ова она нели редовен сервис де коментарот ќе биде што ти требало тоа Рено па види сеа треба да извадиш пошто може да се десило во фабрика да немале за ренаулт мегане делови морале да упасуваат од Ренаулт 19 и така дел по дел настанува конфузија , уф на крај од разговорот си одиш со главоболка и грижа на совест за џабе фрлени пари. А да математиката испаќа да си почекав да соберам 500е плус ќе си земев Голфче господ да ме види (Да не испадне дека само Хонда сакам де) :)

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #34 на: 14 Јануари 2014, 03:09:49 am »
Еве ако толку сака некој да слуше мислење од мене.

Негативност кај мојата хонда е што е 1998 иако со линија сеуште се држи и на поновите модели.
Мислам во моментов што не функционира ммммммммммммммммммммммммм ааа да заборавив да наточам гориво да за возам и да не се замарам.
Фактот е дека сум обичен граѓанин и колата си ја избрав за да можам полесно и поевтино да поминувам со одржување (каиши, водни пумпи, затегачи, предни дискови и плочки и задни, гуми (летни и зимски). А да нај големиот квар што сум го имал е преден лагер што за жал претходниот гаазда го имал сјебано со крива гума (потрошен материјал). Сеуште кај нас (за жал) владее моментот јапанците се скапи за одржување хаха апсурд. Да ненормално забеган сум по Хонда општо познато нели се кладам дека поголем дел од членовите веќе го знаат тоа. Али сепак треба да се размисли некогаш што се носи дома. Кај нас се купува кола на овој начин ... Кој ќе даде подобра цена па макар и Трабант да е... погрешно И од тој момент и да ви е прва кола во животот таа е нај нај нај нај нај нај добра. Жалосно

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #35 на: 14 Јануари 2014, 03:12:41 am »
 ;D  Мои искуства лично немам со Хонда и несакам ни да имам, ама имам ептен блиско другарче кое пред 1 година ја имаше честа и привилегијата да си купи Цивик. На "редовен" сервис одкако ја зеде за да сменат све што НЕ се расипва, пошто нели Хонда не се расипва му наплатија 16 000 денари во обичен маалски сервис и му вратија 2 кеси со сменети делови...  Тоа е моето најблиско исуство со нерасипливата Хонда, ако мисли некој дека лажам нека дојди, ќе го однесам кај дечкото.

Па јас во 7 години од како го купив Реното немам дадено толку пари за него... најскап дел што ми цркнал до сега е едната бомбина 2 200 денари. И да возам марка која има огромен успех во автомобилскиот спорт како во минатото, така и денес... и воедно е моментален рекордер во неговата класа, во која е и Хонда  :)


Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #36 на: 14 Јануари 2014, 03:19:22 am »
И пак  мааалски сервис  и непознавање на деловите доведува до тоа ајде нека ми сменат на мене толку работи али тоа е сервисите мора да живеат.

бомбина 2 200 денари а ги имаш 4 комада што е страшно. Не се зема моментот на поминати км месечно и условите на возење. Во ред е да кажеш поминувам годишно 2 до 3000 км брат колата топ, епа топ е де паркирана.

Ај нема везе да не забегуваме со муабетиве сепак сум цитирам "љубител на автомобилите". Спак многу одамна Рено 4 ми беше паркирано во гаража за жал не се сеќавам бебе бев тогаш :)

Секој си има право на избор демократија де нели.
« Последно менување: 14 Јануари 2014, 03:29:40 am bokicivic »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #37 на: 14 Јануари 2014, 03:29:00 am »
2 се бомбини. Инаку ~ 7 000 километри врви годишно, до сега од како е во нас 45 000 км има поминато... на отворено излегва 3-4 пати годишно најдалеку до 150км. Јебига такви се потребите во денот најмалце 15 палења има колата и се вози строго кратки релации од 2-3-4 километри, ова време не ни загрева нормална температура.

Како и да е препуштам на другите да си го кажат искуството во врска со темата, јас немам лично мое само тоа што го наведов.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54988
  • Махер
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #38 на: 14 Јануари 2014, 11:25:10 am »
Негативност на Хонда е тоа што имав само огромни постери над метро од NSX, Prelude, CRX, NSX-T... А ги немав колите.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #39 на: 14 Јануари 2014, 13:46:59 pm »
Dobri Hondi.





Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #40 на: 14 Јануари 2014, 15:03:35 pm »
Боки, потписот као „не може секој да има хонда, тоа е чест и привилегија“ те прави отворен за сеир. :)

Е сеа.. Секој производител има свои проблеми. Не викам не. Хонда во моментов се справува со проблем многу различен од механички гремлини и такви работи.

Хонда се справува со непривлечни и неинтересни возила. Не за џабе Хонда во Англија се асоцира со пензионери. Генерално, имаат проблем со довршување на дизајните или па предизајнирање. Case in point е новиот CR-V. Од напред изгледа убаво. Од страна изгледа прифатливо. Задниот дел као да го привршиле пред пауза за ручек, на брзање. Истата приказна е и со Цивикот, а богами и со новиот Џез. За Цивик Седан да не праиме муабет.

Тоа е моменталниот проблем на Хонда. Прават коли кои не се доволно прифатливи за масовно купување.

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #41 на: 14 Јануари 2014, 15:20:47 pm »
Тоа е моменталниот проблем на Хонда. Прават коли кои не се доволно прифатливи привлечни за масовно купување.

Само тоа би сменил :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #42 на: 14 Јануари 2014, 15:22:27 pm »
Тоа мислев де, грациас. Сакав да кажам дека генерално луѓето не ги прифаќаат моделите.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #43 на: 14 Јануари 2014, 15:33:44 pm »
Боки, потписот као „не може секој да има хонда, тоа е чест и привилегија“ те прави отворен за сеир. :)

Е сеа.. Секој производител има свои проблеми. Не викам не. Хонда во моментов се справува со проблем многу различен од механички гремлини и такви работи.

Хонда се справува со непривлечни и неинтересни возила. Не за џабе Хонда во Англија се асоцира со пензионери. Генерално, имаат проблем со довршување на дизајните или па предизајнирање. Case in point е новиот CR-V. Од напред изгледа убаво. Од страна изгледа прифатливо. Задниот дел као да го привршиле пред пауза за ручек, на брзање. Истата приказна е и со Цивикот, а богами и со новиот Џез. За Цивик Седан да не праиме муабет.

Тоа е моменталниот проблем на Хонда. Прават коли кои не се доволно прифатливи за масовно купување.

Се слагам скроз. Honda ко да го губи ентузијазмот, ко да ги губи идеите, и не нуди ништо ново или свежо. Ко да ја менува стратегијата кој која целна група на луѓе да пристапи, односно нуди добра поузданост, практичност и толку. Во суштина новите модели на Honda се препакувани постарите модели без есенцијални промени.

Новиот ЦРВ за мене не нуди ништо ново, нешто има испеглано, нешто има изгубено, во поглед на дизајн е оружнет.

Акорд е супер све, ама е досаден, и пре конзервативен.

Џез е одлична кола, што не знам што ќе се случи во новата верзија, ама првите слики мене лично ми се враќање назад во дизајнот.

Цивик е фина кола, не е лоша, ама Мазда 3 нуди повеќе емоција и повеќе свежина. Исто претходната верзија на Цивик, важеше за релативно расиплива кола.

Хонда е веќе кола што ја купува некој што не сака да се замара со надградби, и слично, туку сака практичност, удобност, безбедност и да не се зеза по сервиси.

Во исто време Мазда е тотално полна со ентузијазам и свежина во своите нови модели. За мене сегашната Мазда е у ствари тоа што била Honda претходно.


Дарко

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54988
  • Махер
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #44 на: 14 Јануари 2014, 15:38:08 pm »
Honda нема знаменосец. Ниедна морнарица неможе без адмирал.