Има огромна вистина во тоа „мал пазар сме“. Лесно е да продадеш поевтино и со помала маржа на пазар од 10-20 милиони. Потешко е да го направиш истото на пазар од 2 милиони, а треба да покриеш давачки, кирии-мирии, даноци, плата за вработените, итн. Не дека на поголемиот пазар не треба - треба, и тоа и повеќе најверојатно, ама пазарот е неколкукратно поголем.
Најпластично - Бренд А треба да го има истиот салон и во Берлин и во Скопје. Идентичен треба да биде. Трошоците за изградба се (мање-више, знам дека не се, ама да речеме дека се) исти. Ама таму ќе го подели трошокот за градење на тој салон на 1000 коли кои ќе ги продаде во годината. Кај нас треба да ги подели на 100.