Кај Mустангот маската е во дупка. Изгледа како отворена уста.
Кај концептот на Ауди не е таква. Секоја голема маска не е иста. Знам дека сакате да му водите инает на класниот зaшто е VAG фанбој, ама обидете се да бидете реални спрема себе.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
И двете ја имаат истата големина и облик, но само едната изгледа како муцка на сом.
Аха, значи секоја критика за Ауди би била водење инает на класниот? Нига плиз.
Повели, у случај да не си го прочитал, мое мислење и гледиште за концептот на Ауди (без уопште да ме боли цевка што класниот е VAG фанбој), реален пред себе и пред било кој друг:
Напред: Непотребно огромна маска, која кај Пежо не чинеше, ама кај Ауди е некако нели за дивно чудо, прифатлива. Предизајниран долен дел на преден браник, со линии, агли, испакнатини и вдлабнатини кои изгледаат ептен натакнато и неприродно.
Назад: сакам кажам, не знам речам... Сакале да биде чисто, ама да има детали, па ги набиле сите детали у штоповите. „Подвиснатите“ издуви изгледаат смешно. Се’ на се’, задниот дел ми изглеа као абортиран терминатор. Не ми се јасни со третото стоп светло, долж целото задно стакло. Го има и кај сегашни модели и на Ауди, и на Бентли ако не се лажам, ама не знам зашто е така. Не изгледа убаво, како и да е.
Профил: убави, чисти, дефинирани линии кои кажуваат приказна, без да им се меша некој копук од страна што убацува вицеви. Убедливо најубава страна на концептот.
Пробајте реално да ги согледувате работите (према самите себе, а и према другите), без да ве заслепуваат значките.
Не, не МОРА да ми се свиѓа нешто поради тоа што на некој друг му се свиѓа, нештото има престижна значка, некој е фанбој, или некој мисли дека има пореални гледишта од оние поразлични од неговите.