Напред: Непотребно огромна маска, која кај Пежо не чинеше, ама кај Ауди е некако нели за дивно чудо, прифатлива. Предизајниран долен дел на преден браник, со линии, агли, испакнатини и вдлабнатини кои изгледаат ептен натакнато и неприродно.
Назад: сакам кажам, не знам речам... Сакале да биде чисто, ама да има детали, па ги набиле сите детали у штоповите. „Подвиснатите“ издуви изгледаат смешно. Се’ на се’, задниот дел ми изглеа као абортиран терминатор. Не ми се јасни со третото стоп светло, долж целото задно стакло. Го има и кај сегашни модели и на Ауди, и на Бентли ако не се лажам, ама не знам зашто е така. Не изгледа убаво, како и да е.
Профил: убави, чисти, дефинирани линии кои кажуваат приказна, без да им се меша некој копук од страна што убацува вицеви. Убедливо најубава страна на концептот.