Моторите кои BMW ги користеле во турбо-ерата на Формула 1 користеле блокови од сериски-произведени возила, конкретно од BMW 2002. Инженерите барале блокови од користени возила, и тоа возила со поминати над 100.000 километри. Според нив, ако нешто би им се случело на блоковите, би им се случило во тие 100.000 километри. Постојат легенди (кои најверојатно се вистинити) дека блоковите биле оставани надвор, на дожд, сонце и снег, и дека инженерите уринирале врз нив секое утре пред одење на работа.
Од овие мотори инженерите на BMW ваделе и по 1500 коњски сили за квалификации. Да не заборавиме дека моторите имале зафатнина од 1.5 литри.