Автор Тема: Интересни и малку познати детали за коли..  (Прочитано 194714 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #15 на: 06 Август 2013, 19:47:46 pm »
MG Xpower SV има фарови од Fiat Punto


Фаровите, седиштата, внатрешни рачки, брава за палење на поновите Буби (1967-2003) пасоваат со Голф 1 и Голф 2 (јас имам правено замени на моите Буби).  Бандашите на Бубите 4х130 пасуваат на старите Шкоди до Фаворит. Моите бандаши 5х205 (до 1967), фарови, мотори, подвозје се исти со Porsche 356, а особено со 356А со кој модел само школката беше различна, одоздола беа потполно исти со Бубите дури и моторот беше ист!

Првиот модел со водено ладење и фронтално поставен мотор не бил Голфот, туку K70 „украден“ од NSU (кога компанијата пропадна и беше купена од VW), па Passat-от во 1973 година, па дури по една година Голфот.

Самото тоа што NSU пропадна, фабриката во Сараево престана да ги произведува NSU 1200C Prinz и започна со склопување на Бубите во октомври 1973 година (популарно наречени ТАС-овки).

Моторот на NSU 1200 кој е возушно ладење но е концепиран како на Opel Kadett со тоа ден денес многу делови се позајмуваат кога се прави ремонт на ваков мотор.

Моторот на Moskvich 1500 е копија на BMW 315 (и општо целата историја на Моксвич е поврзана со BMW).

Renualt Fluence е корејска кола под брендот SAMSUNG.

Dacia Logan се продава како LADA во Русија, Dacia кај нас и Европа, во многу земји како RENAULT, а во Јужна Америка како NISSAN.

Daewoo во многу земји се продава како Suzuki, Holden, Buick.

Suzuki Swift во Австралија се продаваше и како Suzuki и како Holden Barina, а денес европскиот Daewoo Kalos се продава како Holden Barina.

Kia Pride се продава во Австралија како Ford Festiva.

Моделите на Opel во Европа во Велика Британија се познати како Vauxhall, во Америка како SATURN, во Австралија како Holden.
Во Австралија нашите Opel Omega со најголемиот 3.0 V6 мотор кај нив влегува и со 5700 V8 мотор (од Corvette) познади како Commodore (исто како европскиот Opel Commodore каде што се вградуваше V8 мотор).



Шкода го прави покривот на Пасат и багажникот (т.е го правеше сега не знам дали е истата политика)

Голф 2/Џета, Сантана уште се произведуваат во Кина




VW T2 уште неколку месеци ќе се произведува во Бразил и згаснува производството.



Fiat Uno уште се произведува во Ј. Америка


Morgan 4/4 е најстарото возило кое не е изменето, а сеуште се произведува (од 1936 година)

Најстариот мотор (дизајн и изведба) кој сеуште се вградува во ново возило е верувале или не Rolls-Royce's L410 и се вградува во новиот Bentley Mulsanne и е од 1950 година.







Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #16 на: 06 Август 2013, 19:52:09 pm »
Noble M12 GTO со фарови од Мондео.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #17 на: 06 Август 2013, 20:04:45 pm »
Производителот на спортски автомобили Lamborghini започнал како производител на трактори.

Ова го видов пред 3 дена во Грчка и не ми се веруваше,мислев дека е некоја заебанција ;D

Озбилно не ја знаеш приказната за Ferruccio Lamborghini?

Ferruccio бил главен фраер у Sant Agata пошто правел трактори и бил прилично богат. За да го сакаат сите локални цуци, као и сите богати фраери во тоа време, решил да си купи Ferrari. Си купил Ferrari и генерално бил задоволен од потрошњата, ама не бил задоволен од мењачот. Отишол кај Папа Енцо Први, и му рекол дека не му ги бива мењачите, и дека може да му помогне да ги напраи бољи.

Енцо ко Енцо, плејбој итаљански, гордост и его до небо, му рекол нешто у стилу на „мрш бе сељак у кафејави ЧИК Куманово папучи, ти трактори праиш, мене ќе ми мрсиш муда за коли.“ и го отерал Феручио у три фине лепе.

Е сеа, Феручио пошто бил фраер, му рекол - “кој те е*е бе, ја ќе напраам бољи коли од тебе.“

И така започнало ривалството меѓу Casa di Ferrari и Casa di Lamborghini.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #18 на: 06 Август 2013, 20:11:43 pm »
Конкретно мислам дека му бил претврд куплунгот,така ми е останато во глава. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #19 на: 06 Август 2013, 20:19:07 pm »
Дап, баш така.

Многу од моделите на Lamborghini носат имиња по познати борбени бикови. Murcielago е име на еден бик, и на шпански значи лилјак. Во Batman Begins Брус Вејн вози Murcielago. ;)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #20 на: 06 Август 2013, 20:20:31 pm »
Комшија еден мој има Ламборџини трактор  ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #21 на: 06 Август 2013, 20:21:33 pm »
Најголем шизик у село е.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #22 на: 06 Август 2013, 20:51:00 pm »
И вика на рибата, вечер ќе дојдам со Ламбото да те земам..

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #23 на: 06 Август 2013, 20:57:26 pm »
Заебавајте се вие, ама он најбрзо ја ора нивата!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #24 на: 06 Август 2013, 21:12:54 pm »
Влага у продавница, дај ми плугови за ламборџини lp40-2 и одма сите селски моми креваат сукњи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #25 на: 06 Август 2013, 21:17:59 pm »
Барем не лаже кога кажува дека има винтиџ Ламборгини.

Енивеј, ај не терајте ОТ. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #26 на: 06 Август 2013, 21:44:30 pm »
Noble M12 GTO со фарови од Мондео.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Штопови мислиш...

А на новиот M12 од Hyndai Sonata




А за трактори...

Првиот Порше дизел



Mercedes


Fiat


Renault


Volvo


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #27 на: 06 Август 2013, 22:03:14 pm »
Alfa Romeo 155 Q4 е всушност Lancia Delta Integrale со друга школка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #28 на: 06 Август 2013, 23:39:01 pm »
Моторот на NSU 1200 кој е возушно ладење но е концепиран како на Opel Kadett со тоа ден денес многу делови се позајмуваат кога се прави ремонт на ваков мотор.

Моторот од Кадет, па и пред него од Олимпија го користат сите стари француски и шведски возила од годините потоа. Истиот мотор на Опел од 900 кубика само со пропорционално зголемување на димензиите на компонентите се тера до 2400 кубика за 4 цилиндричните. 4 цилиндрашот i4 мотор од Опекл е основа за скоро сите мотори од 51-ва година па наваму и поседува повеќе од пола патентирани изуми за кои и ден денес производителите на i4 мотори плаќаат на GM (наводно германската влада ќе покренела тужба против GM парите од патентите да се слеваат во Опел каде и што припаѓаат).

Daewoo во многу земји се продава како Suzuki, Holden, Buick.

Suzuki Swift во Австралија се продаваше и како Suzuki и како Holden Barina, а денес европскиот Daewoo Kalos се продава како Holden Barina.

GM (Опел, кога станува збор за мини и компактни возила) има joint ventures со споменатите марки и формираат заеднички буџет за истражување и развој на компактни и мини возила.

Најстариот мотор (дизајн и изведба) кој сеуште се вградува во ново возило е верувале или не Rolls-Royce's L410 и се вградува во новиот Bentley Mulsanne и е од 1950 година.


Истата приказна како со Опел и останатите европски производители. Концептот е поставен и тоа е тоа. Освен системите за вбризгување ништо друго не е сменето вклучително и менувачите (рачните).

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #29 на: 07 Август 2013, 01:30:49 am »
Rolls Royce користи дропки за означување на зафатнината на моторот во литри.

пр. 6-3/4, 3-1/2, 4-1/4