MG Xpower SV има фарови од Fiat Punto
Фаровите, седиштата, внатрешни рачки, брава за палење на поновите Буби (1967-2003) пасоваат со Голф 1 и Голф 2 (јас имам правено замени на моите Буби). Бандашите на Бубите 4х130 пасуваат на старите Шкоди до Фаворит. Моите бандаши 5х205 (до 1967), фарови, мотори, подвозје се исти со Porsche 356, а особено со 356А со кој модел само школката беше различна, одоздола беа потполно исти со Бубите дури и моторот беше ист!
Првиот модел со водено ладење и фронтално поставен мотор не бил Голфот, туку K70 „украден“ од NSU (кога компанијата пропадна и беше купена од VW), па Passat-от во 1973 година, па дури по една година Голфот.
Самото тоа што NSU пропадна, фабриката во Сараево престана да ги произведува NSU 1200C Prinz и започна со склопување на Бубите во октомври 1973 година (популарно наречени ТАС-овки).
Моторот на NSU 1200 кој е возушно ладење но е концепиран како на Opel Kadett со тоа ден денес многу делови се позајмуваат кога се прави ремонт на ваков мотор.
Моторот на Moskvich 1500 е копија на BMW 315 (и општо целата историја на Моксвич е поврзана со BMW).
Renualt Fluence е корејска кола под брендот SAMSUNG.
Dacia Logan се продава како LADA во Русија, Dacia кај нас и Европа, во многу земји како RENAULT, а во Јужна Америка како NISSAN.
Daewoo во многу земји се продава како Suzuki, Holden, Buick.
Suzuki Swift во Австралија се продаваше и како Suzuki и како Holden Barina, а денес европскиот Daewoo Kalos се продава како Holden Barina.
Kia Pride се продава во Австралија како Ford Festiva.
Моделите на Opel во Европа во Велика Британија се познати како Vauxhall, во Америка како SATURN, во Австралија како Holden.
Во Австралија нашите Opel Omega со најголемиот 3.0 V6 мотор кај нив влегува и со 5700 V8 мотор (од Corvette) познади како Commodore (исто како европскиот Opel Commodore каде што се вградуваше V8 мотор).
Шкода го прави покривот на Пасат и багажникот (т.е го правеше сега не знам дали е истата политика)
Голф 2/Џета, Сантана уште се произведуваат во Кина
VW T2 уште неколку месеци ќе се произведува во Бразил и згаснува производството.
Fiat Uno уште се произведува во Ј. Америка
Morgan 4/4 е најстарото возило кое не е изменето, а сеуште се произведува (од 1936 година)
Најстариот мотор (дизајн и изведба) кој сеуште се вградува во ново возило е верувале или не Rolls-Royce's L410 и се вградува во новиот Bentley Mulsanne и е од 1950 година.