Нека ти напраат 200 грама боја за корекции како твојата, тие што праат боја имаат и убави мини-четчиња. на местотото убаво покриј да добиеш испупчување од 1/2 милиметар макс над оригналната боја, и остави добро да се исуши (3-4 часа). Потоа со полир паста, неабразивна, пошто со абразивна ако поминеш, пак ќе треба на машинско полирање да одиш, со убава памучна крпа и со трпение со кружни движења ќе ги си исполираш испупчувањата до ниво на хауба. Претходно, пошто си бил да ти ја полираат, помини со некој обезмастувач (сјајче и вода ако немаш профи обезмастувач) за да може бојата добро да фати.
Јас вака ги решавав тачките на Стилото, доста успешно. Само веќе немам трпение за вакви работи
