Тоа зависи од брегастата. Си играш со подигнувањето на вентилите повеќе и со тајмингот, и ја мрдаш торк кривата нагоре надолу. Дали да има повеќе сила на високи и помалку на ниски, или да има повеќе сила на ниски а да има помалку на високи.
Моторот се оптимизира за работа во некое од подрачјата, зависно за што ќе се користи. На скоро секоја кола може да се стави друга модификувана брегаста која со различна геометрија, и ќе резултира со зголемување на коњажата на колата на високои обртаи, но ќе и ја намали силата.
Vtek ја оптимизира колата на две места со системот за изменето подигнување на вентилите. Може и да ја оставиш хондата во Втек и тоа ќе е исто како што би била секоја кола со брегаста која подигнува повеќе. Но, ќе има малку сила на ниски вртежи. Ќе се добие тркачки мотор. Затоа Втек има бенефит од тие две работи.
Истото се постигнува и со издувниот систем. Систем во кој полесно излегуваат гасови ќе има повеќе сила на високи вртежи, но ќе изгуви моќ на ниски. И обратно. Затоа и би се практикувало да се направат покрај втек, и различни издуви за различни обртаи.
На истиот мотор кој е на пример Опел Астра 1.4 100кс. Може да се постави рестриктивен издув, и брегаста со мало подигање со подолго време, и ќе се добие мотор со 85кс кој ќе влече повеќе на ниски од тој со 100кс. Од друга страна, на истиот мотор може да се постави високопропусен издув, и брегаста со повисоко отворање, и ќе извлече 115кс, но ќе има помалку сила на ниски вртежи.
На истиот мотор може да се стави и брегаста со високо подигање, скратен високопропусен издув, и скратен усис, и ќе се добијат 125кс, и уште помалку сила на ниски. Па може на последниов, да се стават делови со помала толеранција и да му се дозволи да врти 2000рпм плус, и ќе извади 145кс.
Лесно ќе извади производителот сила, но дали ќе е корисна?
Затоа втек (и сличните му, од други производители) се трудеа порано (сега не се ни трудат веќе) да симулираат брегаста со ниско подигање на ниски вртежи, а со високо на високи. За да го исцедат моторот повеќе, односно да го оптимизираат на 2 работни подрачја. Ем да е корисен секојдневно до одреден степен, ем да е корисен и на високи вртежи.
Да се трудеа повеќе, досега ќе имаше електронско подигање и спуштање на вентили, а не со брегаста како во 19ти век. Така ќе можеше електронски да се регулира отворањето на секој вентил посебно и да се регулира висината на отворање, како и траењето на отворот. На овој начин, ќе се добие флуиден Vtek, односно мотор кој ќе има прогресивно помал тајминг и поголемо отворање со растење на вртежите. Така, оној мотор од Астра 1.4 100кс, ќе имаше 20% поголем торк на 1500-3000рпм каде сега не е оптимизиран. Ќе имаше скоро ист среден дел (зошто тој и сега си е оптимизиран околу 4000 рпм) и ќе имаше 125кс заради оптимизација на високиот дел.
Згора на тоа ќе можеше да се оди и во водата на 5тактни мотори со еко мод, како кај приус, со што ќе се заштеди 10% гориво. А со самото подигање (оптимизирање) на моторот на поголем опсег на вртежи, ќе се заштеди уште дополнителни 10% гориво при економично возење (односно ќе се покачи 10% при тркачко возење заради поголемата коњажа). Тоа значи дека моторот ќе има повеќе сила, повеќе момент, подобро распределен момент, поголема економичност и помала можност од кинење на каиш, и помала можност од откажување на турбина (која ја нема).

Ама оди натерај ги да го направат.
