Кај мене во сообраќајна стои, цитирам: "На возилото е извршен а-тест на затемнети стакла". Не е потенцирано веројатно затоа што нема потреба за тоа бидејќи законот вели дека предните стакла можат да се затемнат до 30%.
Имај во предвид дека жацовците не се толку мутави како што се прават па со тоа што ќе земеш а-тест за задните стакла и отпосле ги затемниш предните над 30% шансите се големи кога тогаш да те упецаат и да добиеш честитка. Жацо не ти мери на лице место затоа што нема таков уред со него туку, ако му бодеш во очи (а ќе му бодеш) ќе те упати на вонреден технички преглед каде што ќе треба да го утврдат процентот на затемнетост. Ако е 30+ следува казна која ако не грешам беше 100 евра и го плаќаш вонредниот технички преглед.