Автор Тема: Затемнување на прозорци - Клима Фолии  (Прочитано 186213 пати)

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: klima folii
« Одговори #300 на: 05 Мај 2016, 11:16:25 am »
Симо, фолиите прилично лесно се одлепија али проблемот е што скоро целиот лепак остана на стаклата и после тешко се вади лепакот

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: klima folii
« Одговори #301 на: 05 Мај 2016, 11:19:52 am »
Тоа е маката, ваљда алкохол и детерѓент ќе помогне... И топлина..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: klima folii
« Одговори #302 на: 05 Мај 2016, 11:20:15 am »
Пробај со етанол. Прилично сум сигурен дека ќе излезе лепакот. Годинава како ми беше запечена налепницата од регистрација, дури и буквите бројките беа прекопирани со се лепакот на стакло. Етанол и микрофибер крпче како од шала го извадив. Алкохол вади остаток од лепак.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: klima folii
« Одговори #303 на: 05 Мај 2016, 12:59:01 pm »
Бујрум  :D


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: klima folii
« Одговори #304 на: 05 Мај 2016, 13:08:53 pm »
Благодарам на одговорите момци :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: klima folii
« Одговори #305 на: 06 Мај 2016, 11:19:42 am »
Или нека си пушти ноктац да ги вади на лице место. Атестот е уствари мачкање очи, фолии напред не е дозволено. Односно е, доколку имаш 70% провидност од надвор. А толку светла фолија само по нарачка. Не се исплаќа ни да ја лепиш...

Па вака оди пресметката, ако стаклата ти се да речеме 20% затемнети од фабрика смееш да стаиш 10% фолија за кога ќе ја измери од надвор да покаже провидност од 70%, апаратчето мери провидност а не затемнетост. Ако стаклата кои ти се затемнети 20% фабрички а ставиш 50% фолија, имаш само 30% провидност од надвор и го јадеш немиен. Толерираат од 5 до 10% поради прашина на стакло, гребнатинки и слично. Па така ако ви покаже 65 или 60% провидност не би требало да имате проблем. Тоа е тоа.

Воглавно, 50% фолија не изгледа претерано темно и помали се шансите да ти прават проблем, како одиш кон потемно така повеќе си го зголемуваш ризикот.

За сите што имате фолии, ви кренат ли палка како што кочиш така спуштај предни прозори.  :D

не иде баш така со затемнувањето... не е тоа чиста математика па 2+1=3...

ако имаш 20% затемнети стакла и туриш фолија од 10%, ке добиеш затемнување од 33-34% одприлика...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: klima folii
« Одговори #306 на: 09 Мај 2016, 11:18:20 am »
20% стакла плус 10% фолија =

100*80%=80
80*90%=72

100-72=28% затемнетост.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: klima folii
« Одговори #307 на: 15 Мај 2017, 09:23:30 am »
А фабричкото затемнување на возачко-совозачко стакло за секоја кола е типско или зависи? Пример како да дознаам колку се кај мене на ц5ката? И дали добро сум разбрал, значи до 30% може да се атестира, а се што е над тоа не?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: klima folii
« Одговори #308 на: 15 Мај 2017, 10:04:36 am »
За предни може до 30% и обично било каква фолија да ставиш напред ќе надмине 30% на мерачот как поновиве коли.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: klima folii
« Одговори #309 на: 15 Мај 2017, 11:37:37 am »
А во сообраќајната на атестот потенцирано ли стои “има атест на задни затемнети стакла“ или само “има атест на затемнети стакла“. Целта ми е да ставам позади, да ја сликаат и да земам атест, па после да ставам и напред над 30%. Дали полицајциве мерат тоа или штом види атест не се замара?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: klima folii
« Одговори #310 на: 15 Мај 2017, 23:57:43 pm »
Кај мене во сообраќајна стои, цитирам: "На возилото е извршен а-тест на затемнети стакла". Не е потенцирано веројатно затоа што нема потреба за тоа бидејќи законот вели дека предните стакла можат да се затемнат до 30%.

Имај во предвид дека жацовците не се толку мутави како што се прават па со тоа што ќе земеш а-тест за задните стакла и отпосле ги затемниш предните над 30% шансите се големи кога тогаш да те упецаат и да добиеш честитка. Жацо не ти мери на лице место затоа што нема таков уред со него туку, ако му бодеш во очи (а ќе му бодеш) ќе те упати на вонреден технички преглед каде што ќе треба да го утврдат процентот на затемнетост. Ако е 30+ следува казна која ако не грешам беше 100 евра и го плаќаш вонредниот технички преглед.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: klima folii
« Одговори #311 на: 16 Мај 2017, 12:00:21 pm »
А во сообраќајната на атестот потенцирано ли стои “има атест на задни затемнети стакла“ или само “има атест на затемнети стакла“. Целта ми е да ставам позади, да ја сликаат и да земам атест, па после да ставам и напред над 30%. Дали полицајциве мерат тоа или штом види атест не се замара?

Не ми е јасно зошто затемнувате предни стакла над дозволеното или задните да ги направите скроз црни.
Сте пробале навечер да возите со затемнети стакла ?
Ај што ја жртвувате вашата безбедност него и на останатите во сообраќајот само за да изгледа пофраерски... не гледам друга логика.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: klima folii
« Одговори #312 на: 16 Мај 2017, 12:12:14 pm »
Не е за фраерлук :) ко ќе се вжешти ентериер 2 клими не постигнуваат низ град :) додека олади, сум стигнал на дестинацијата.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: klima folii
« Одговори #313 на: 16 Мај 2017, 21:32:40 pm »
Кај мене во сообраќајна стои, цитирам: "На возилото е извршен а-тест на затемнети стакла". Не е потенцирано веројатно затоа што нема потреба за тоа бидејќи законот вели дека предните стакла можат да се затемнат до 30%.

Имај во предвид дека жацовците не се толку мутави како што се прават па со тоа што ќе земеш а-тест за задните стакла и отпосле ги затемниш предните над 30% шансите се големи кога тогаш да те упецаат и да добиеш честитка. Жацо не ти мери на лице место затоа што нема таков уред со него туку, ако му бодеш во очи (а ќе му бодеш) ќе те упати на вонреден технички преглед каде што ќе треба да го утврдат процентот на затемнетост. Ако е 30+ следува казна која ако не грешам беше 100 евра и го плаќаш вонредниот технички преглед.

Порано нели 300е беше казна.

Му пишале ли казна на некој кој имал само затемнети задни стакла а имал ретровизори и бил технички исправен само без а-тест?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: klima folii
« Одговори #314 на: 16 Мај 2017, 22:12:06 pm »
Порано нели 300е беше казна.

Го прелистав законот за возила и има глоба од 300 евра по еден член и 200 евра по друг член. Не сум сигурен по кој член треба да се толкува законот, малку е конфузен. Лично сметам дека за клима фолии на задните стакла нема потреба за а-тест доколку возилото има два ретровизори ама иди објасни се со жацото кога ќе ти побара а не ти е впишан во СД.

Му пишале ли казна на некој кој имал само затемнети задни стакла а имал ретровизори и бил технички исправен само без а-тест?

Немам таква информација.

Brains are awesome. I wish everybody had one.