Дали може квалитетно да се ставаат фолии БЕЗ да се вадат тапацири од врата?
При лепење фолија кај 90% од возилата мора да се извади кедерот помеѓу стаклото и тапацирот. Кај повеќето од нив потребно е малце да се одвои тапацирот за да се извади истиот, но некои коли се поспецифични и треба парцијално демонтирање на тапацирот за да се отстрани. Меѓутоа со добар мајстор не би требало да имаш проблем, обично им е доста уходана процедурата.
Ама доколку е некое поретко возило или немаш баш доверба во мајсторот, сепак би препорачал да го надгледуваш процесот. Барем ќе се осигураш дека максимум пажња ќе обратат и доколку оштетат нешто нема да може да го прикријат.
Kаде?
Би ги препорачал:
- Dog Security (форумски попуст)
- Аце (доколку е тука, слушнав и он киднал)
- Трајче (приватно лепи човекот али многу фино работи) 070444566
- Џоле (такоџе приватњак) 071389335
Кај приватњациве можеш и со своја фолија поготово доколку најдеш некоја поквалитетна. За жал нашиов пазар е преплавен од фалц ѓубре затоа би препорачал да припазиш.