Автор Тема: Затемнување на прозорци - Клима Фолии  (Прочитано 183594 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #705 на: 29 Март 2024, 18:57:46 pm »
50% нема ни да се примети, а не е ни вулгарно. А е доволно да скрати бајаги од светлината.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #706 на: 29 Март 2024, 19:04:37 pm »
@zeroSignal да, отворени се двата предни прозорци.

Дали со 50% би имал барем малку приватност?
70 ми е малку нападно и навечер ќе имам проблем¿

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #707 на: 29 Март 2024, 19:53:49 pm »
Јас имав 50% на стариот Голф. Таман си беше, и за преку ден, и за навечер. Ама не ми се плаќаа казни, па ги извадив предните.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #708 на: 01 Април 2024, 14:10:37 pm »
Дали овие точки ќе излезат или се од прашини?
Од Дог велат дека ќе се повлечат, да ја оставам на сонце, а можеби било од стариот лепак од фолиите (немаше фолија на тоа стакло). Ваше искуство или мислење?


Едит: Намерно не одам на атест до петок и ја оставам на сонце да испари ако е вода.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #709 на: 01 Април 2024, 20:19:50 pm »
Koj ti gi montiral vrati mu se on neka si tupi glavata. Da nekogas gi snemuva za 2-3 dena od toplo ama ako ne se povlecat sto pravime posle ?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #710 на: 01 Април 2024, 20:25:03 pm »
Монтирани се во Dog Security. Дали ќе направат проблем или со фино ќе завршиме работа?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #711 на: 01 Април 2024, 20:32:58 pm »
Ако ме исчезнат како што рекле, ќе им кажеш и ќе ја одлепат исчистат и залепат наново. Нема друго решение.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #712 на: 01 Април 2024, 20:51:23 pm »
Потпишав некаков документ за монтажата, дека се согласувам со условите за монтажа, па да видам што како. Се надевам нема да имам проблем, не се некоја бош фирма, а и бев по препорака пратен таму, од нивни близок човек. Не сакам да се замериме со нив, сепак изгубив 5 часа монтажа плус 3 часа пат (еден ефективен ден), патот не е проблем, само дали стојат позади монтажата или ќе треба во Прилеп да прелепуваат...
Сепак пишале:
Цитат
Гаранцијата подразбира дека во рок од 10 години , фолијата нема да се одлепи сама од себе , дека нема да ја смени бојата нити пак дека ќе се појават било какви други дефекти .
● Гаранцијата не важи за физичко оштетување или гребење на фолијата

На пораката со прашање одговорија со "seen"...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #713 на: 01 Април 2024, 20:55:09 pm »
Јас имам ставано 3 пати во дог. И било беспрекорно. А планирам наскоро уште една тура пак таму за некој месец.

За разлика од тоа на едно друго место ми залепија супер ама договорено беше 70 напред 50 позади, и ми ставија 50 секаде. И наместо да се признае, ме убедуваше дека тоа била 70ка... А јас точно знам што сакам, и имам и на другите коли за споредба. Многу безвезе. Како и да е дојде тоа законот па ги извадив предните што ги имаше утнато. Само да не ме убедуваше во глупостите подобро ќе беше. А препорачано се, ама...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #714 на: 01 Април 2024, 23:37:50 pm »
Шоима врска атестот со меурчињата на фолиите, оди извади си нека ти пишат во сообраќајна затемнети задни стакла, после шо сакаш прај со фолиите, остај ги, вади ги, стави ќутук црни, битно атест имаш.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #715 на: 02 Април 2024, 00:58:03 am »
Не смее да се отвора прозорецот 2-4 дена. Прилеп на технички не знам што ќе прават, да не речи Дарко од Дог после вака-така.
Вакво сум потпишал, дали ќе ја признае гаранцијата и ќе ми одговори во работно време или ќе ме истава на "seen"?
Дали според документов треба да платам и монтажа и демонтажа дупло иако не е моја грешка и не давам никој да се доближи до колата и ја оставам на сонце со подотворени предни прозорци?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #716 на: 02 Април 2024, 15:24:25 pm »
Апдејт: Закажан повторно термин за корекција, губење време напразно, но добро е што рекоја дека ќе разгледаат, ако е од прашина ќе санираат.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #717 на: 02 Април 2024, 15:53:06 pm »
Abe koja prasina. Tebe meurcinjata ne tu se na pocetok na staklo tuku na sredinata od prozorot. Kako kje vleze prasina tamo ?
Odnesi neka si koregiraat nivna greska e toa. Kje odlepi kje ti zalepi nova i ajt.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1883
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #718 на: 02 Април 2024, 15:56:03 pm »
Колку плати за тој непрофи захват ?

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #719 на: 02 Април 2024, 15:57:44 pm »
Zosto bas vo Dog, nema li nekoj Pp Bt sto stava folii

Sent from my SM-A145R using Tapatalk