Автор Тема: 1.2 TSI 105  (Прочитано 41233 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #30 на: 23 Јули 2013, 09:31:37 am »
Со таа разлика што при idle (низ град) и тргни-застани 1.4 никогаш нема да потроши исто како 1.2.
Не знам од каде ви е идејата дека моторот со поголем вртежен момент трошел помалку од тој со помал, чунки помалку се мачел. Стварно не разбирам од каде ви е таа идеја. Ако може некој да елаборира... Much appreciated.

Поради тоа што

Полесно се носи со тежината.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #31 на: 23 Јули 2013, 09:42:54 am »
И поради тоа што гаси цилиндри кои не се користат. :) :) :) :) :) :) :) (или има старт-стоп)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #32 на: 23 Јули 2013, 09:46:15 am »
Моторите се многу блиски по својот волумен и конструктивно. Што се однесува до теоријата на помала потрошувачка кај поголем вртежен момент, тоа е едно од основните начини на кои чиптјунерите ти велат дека ќе потрошиш помалце со нивниот чип.

Бидејќи со чиупување реално го зголемуваш волуменот на воздух што можеш да го натиснеш поради зголемувањето на притисокот што го генерира турбината можеш да согориш повеќе гориво во еден циклус. Тоа генерира повеќе гас за пократко време илимити зголемен обртен момент. Зголемен обртен момент при ист број вртежи дава повеќе снага.

Значи (карикирам) 1.4 TSI ќе даде иста снага како и 1.2 тси за едно 400/500 циклуси помалце но со повеќе гориво. Од тука теоријата дека за ист стил на возење во иста кола овие мотори ќе дадат приближно иста потрошувачка (не повеќе од 0,5/100).

Дополнително повеќето од овие возила веќе одат стандард со старт/стоп. И тука се елиминира трошењето при дремење на семафор.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #33 на: 23 Јули 2013, 09:47:49 am »
Зависи и од менувачот и преносот и режимот на возење. Дали 1.4ТСИ ќе троши помлаку од 1.2ТСИ не знам, ама знам сигурно (докажано неколку пати со различни возила/мотори) дека Фордовиот 1.6 16v100ks троши помалку од 1.4 16v 80KS од причина што 1.6 има доволно снага да повлече при пониски вртежи и каде ефикасноста му е поголема отколку 1.4 кој мора да го малтретираш на повисок обрт за да даде произведе соодветната снага.

Во таа смисла можда и 1.4TSI на пониски вртежи можеби повлекува подобро отколку 1.2TSI, па така 1.2TSI можеби треба да се вози на повисок обрт и понизок однос на редукторот (мењачот со преносот). Но како што реков тоа не го знам, т.е. не сум го утврдил експериментално како што истото го имам утврдено со Фикусите 1.6 и 1.4.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #34 на: 23 Јули 2013, 09:48:36 am »
Пример:

Engine Size   
1368 cc
0-60 mph   
12.8 secs
Top Speed   
103 mph
Power Output   
77 bhp
Torque   
115 Nm 85 lb-ft
MPG   
47 mpg

Engine Size   
1368 cc
0-60 mph   
11.0 secs
Top Speed   
111 mph
Power Output   
95 bhp
Torque   
125 Nm 92 lb-ft
MPG   
47 mpg

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #35 на: 23 Јули 2013, 09:50:27 am »
како што рече velestrumf - полесно се носи со тежината :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #36 на: 23 Јули 2013, 09:56:25 am »
Исти 6 степени мењачи имаат 1.2 105 и 1.4 122.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #37 на: 23 Јули 2013, 09:58:29 am »
Може да се исти менувачите, а може да е крајниот однос да е малку различен (диференцијал). Треба да се провери. Секако, кога на 1.2 105 ќе го нормализираш на 130кс, веќе добиваш одлична снага од тој мотор. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен daf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #38 на: 23 Јули 2013, 10:02:14 am »
http://www.volkswagen.hr/modeli/golf/novi_golf/brojevi_podaci/tehni_ki_podaci/?motor=641
Тука ги има сите технички податоци 1.2 105 забрзува од 0-100 за 10.2 додека 1.4 122 за 9.3 . 

Ако не е тајна за колку му го оставија на другарот последна цена за моторот со 105 кс. Знам дека тој со 85 го нудеа за 14999 фул.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #39 на: 23 Јули 2013, 10:12:02 am »
како што рече velestrumf - полесно се носи со тежината :)

Не е легитимен одговорот. Пишан е на човечки јазик. Дајте вие технички објаснете зошто би потрошил помалку гориво поголемиот мотор. Возат иста каросерија, иста ефикасност, исти загуби на енергија, ист менувач и потенцијално ист возач. За да стигнат од точка А до точка Б ќе биде потребно одредена количина енергија. Зошто во овој случај моторите не би потрошиле исто количество на гориво? Не ми одговарајте дека полесно се носел со тежината бидејќи тој исказ нема смисла.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #40 на: 23 Јули 2013, 10:18:16 am »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #41 на: 23 Јули 2013, 10:23:31 am »
Е добро де. Што сакаш да ми кажеш. Ми го кажуваш истото и јас што го кажувам. Во најмала рака исто треба да потрошат но не и помалку. Да не е старт/стоп системот ќе има поголема разлика.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #42 на: 23 Јули 2013, 10:29:46 am »
И јас гласам за 122 јкава. Ја имам возено во А3 и Passat. Разликата во цена е 600-700 EUR. Бидејки 1.4 има поголем обртен момент може полесно да се тера во пониски вртежи и може да троши барем исто колку и 1.2 TSI за ист стил на возење.

Не се залетав околу тоа дека може да е помалку. Не знам многу за двата мотори, ама теоретски шансите се дека и може..ама за ова веројато доказот тешко јас да го најдам. Спецификацијата на производителот вели град под литро разлика, отоврено под пола. За таа потрошувачка не се исплати да земеш послаб мотор ако цената е примерна за појакиот.

Edit: кај мене сигурно помалиов повеќе ќе торши :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #43 на: 23 Јули 2013, 10:33:41 am »
Па добро, тоа може им е привремена ценовна политика. Тоа може ќе се смени. Може 1.4 моторот помалку ги кошта да го произведат. За некоја година може и GTI ќе вози 1.4 мотор па ќе останат 1.2 се некои 120 коњи и да речеме 1.0 со 100 коња. Таков е трендот.

Јас би во принцип 1.2, поевтина регистрација, помалку масло, помалку тежина. Како да речам, јас сум Анти-Дени ;D
Он преферира нагоре во волумен а ја надоле.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: 1.2 TSI 105
« Одговори #44 на: 23 Јули 2013, 10:36:01 am »
1.4 TSI BlueMotion Technology 90 kW   7-Gang-DSG   5,0 l/100km
1.2 TSI BlueMotion Technology   77 kW   7-Gang-DSG   4,8 l/100km
1.4 TSI ACT BlueMotion Technology   103 kW   7-Gang-DSG   4,7 l/100km


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.