Зависи и од менувачот и преносот и режимот на возење. Дали 1.4ТСИ ќе троши помлаку од 1.2ТСИ не знам, ама знам сигурно (докажано неколку пати со различни возила/мотори) дека Фордовиот 1.6 16v100ks троши помалку од 1.4 16v 80KS од причина што 1.6 има доволно снага да повлече при пониски вртежи и каде ефикасноста му е поголема отколку 1.4 кој мора да го малтретираш на повисок обрт за да даде произведе соодветната снага.
Во таа смисла можда и 1.4TSI на пониски вртежи можеби повлекува подобро отколку 1.2TSI, па така 1.2TSI можеби треба да се вози на повисок обрт и понизок однос на редукторот (мењачот со преносот). Но како што реков тоа не го знам, т.е. не сум го утврдил експериментално како што истото го имам утврдено со Фикусите 1.6 и 1.4.