Не, најмногу ме нервира што многу (вклучително и овде) ќењаат за Дачија, Шкода и некои други марки само затоа што пред 20-30 години не биле „респектабилни марки“ рамни на VW, BMW и Mercedes.
Во последно време (после Fast and Furious особено) се јавија Хондаџиите особено во Скопје и сеа се тепа некој филм дека се што е јапонско е најдобро, се друго е крш итн.
Читајте малку факти. Сте ја читале статистиката на ADAC дека Dacia е меѓу првите 3 марки во последните неколку години за квалитет во Германија?
Е сигурно ADAC се попаметни и имаат реална стастика од некој Boy racer wannabe од Македонијава.
Втора работа, со тоа брендовите
Сигурен сум дека некој во Бразил што е ricer како многу од овде ќе се чука вгради кога ќе си го купи својот најнов јапонец
Nissan Aprio
Особено ми се смешни и коментарите на љубителите на Опел кога споредуваат Daewoo/Chevrolet и муабетот им е „Абе не купувај од тие „жолтите“, купи си Германец“
Opel Antara - Daewoo Windstorm Maxx
Во Австралија нема ни разлика помеѓу Chevrolet/Opel сите се продаваат како Holden.
Или можеби некој ќе ме убеди дека Suzuki е најдобар оти е јапонец...или ќе да беше Daewoo
Daewoo Nubira III/Chevrolet Lacetti - Suzuki Forenza
Д поинт ис...јас во животот не сум сретнал лоша Шкода и Дачија од новите модели. За цената имаат одличен квалитет и се е до сопственикот како ги одржува. Само македонскиот пазар ги омалуважува овие возила, проверте Германија, Италија ќе видете како стојат таму работите.
ЕДЕН нека ме убеди дека Dacia или Skoda повеќе се расипуваат од Alfa Romeo или Mitsubishi! И тоа „Ама јас имам Lancer и не сум поправал ништо“. Зборувам статистика што ако малку по google-ајте ќе ја најдете.
Сега веќе нема лоши возила. Кинезите тоа го пробаа да го шверцуваат ама не им успеа. Има сега стандарди на квалитет кое секое возило треба да ги исполни да се пушти на пазар. За среќа овие стандарди се високи. Тоа го увидоа марки како Great Wall и еве исфрлија одлични модели.
Друго е тоа што се работи за вкус и лични убедувања во што сакате да бидете видени, но предрасудите поткрепете ги со факти, а не со чаршиски муабет.