и порано сите беа скептици во врска со Шкода,па сега ја фалат повеке и од Фолксваген
Нека ја фалат колку што сакаат...незнам кој се критериумиве на луѓето што толку многу ја фалат, но за мене е испод очекуваното...
Фчера за првпат се возев во Шкода ФОБИЈА и не би сакал никогаш повеќе...Има одвратен мирис, мириса на прчоина што би рекла бабами, колата беше ганц со 2000 км...Пластичните работи се очајни, на секој спој по нешто зирка и се гледа...Поготово конзолата околу радиото...
За разлика од босанската Ибица има многу многу подобра вожња, за тоа немам замерки...Вратите се затвараат сосема добро...
А за дачијата, исто така се гледа евтина изработка...Сепак дачија плачија е колку платиш, толку клатиш...
А инаку Шкода кога би споредувал со Киа Сид, тогаш убедлив победник би била Кијата...По мене не се споредуваат во квалитетот на изработката...Вожњата и удобноста би биле на страна на Шкодата...Но за се друго, нема шанси...
Е сеа ако ја споредуваме со некој фолцваген....пфффф...искрено само незнам како ги споредуваат...по кој критериум...не ми се јасни, но тоа е тоа...
секој со своите убедувања и со своите размислувања...
