Бидејќи ги променив фабричките звучници, морав нешто да сторам и со радиото. Па така променето е и тоа со ново афтермеркет, марка JVC купено од Нептун за 3000. Убаво изгледа, подобрен е звукот за разлика од фабричкото радио, така да јас сум задоволен.

Пред:
Потоа:

Убаво свети и вечерно време, погодени се боите.


Друго, си купив од Сонакс сет за репарација на фарови, па ги освежив малку и фаровите.

Ова е кога го нанесов sealant-от а овие се денски слики:


За разлика од претходно какви беа, има големо подобрување.

Плус сменив сијалици на долго светло Philips white vision, на соборено светло ги имав сменето од поодамна со Philips x-treme vision и плус со полирањето на фаровите, можам да кажам дека добив сосем солидно светло. Има убав сноп, доста добро осветлува на патот, јас сум задоволен од резултатот.

(*напомена: не е на рамно колата.

)


И еве ги на пат:


Моментално сме на 217000

