Автор Тема: VW Passat 1.9 TDI  (Прочитано 35630 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
VW Passat 1.9 TDI
« на: 13 Јули 2013, 16:34:12 pm »
Ајде и јас да го претставам моето количе  :)

Станува збор за Volkswagen Passat B5 1.9TDI мотор со 90 КС, увезена од Германија во Април 2012.
Со поминати, до денес, нешто над 190000 км.

Опрема:
-ABS, ASR
-Клима
-Борд компјутер
-Електрика и греачи на ретровизори
-Електрика на предни стакла
-Фабричко радио и озвучување
-4 airbags
-Подесувачки волан по висина и длабина
-Подесувачко возачко седиште по висина
-Потпирач за рака на задно седиште
-Челични бандажи 15" со летни гуми GoodYear 195/65/R15
-Фабричка кука која може да се вади

Еве и некоја слика..
Ектериер:







Ентериер:







Мотор:




Потрошувачка
-Отворено: 4.5-5 l/100km
-Комбинирано: 5-5.5 l/100km
-Градска: 5.5-6 l/100km

Некои посериозни проблеми нема, освен (тие што се пречкртани се санирани):
- Сензорот за температура не беше исправен, но сега е заменет со нов.
- Колата тресеше во рикверц, па поради тоа променет е држач на мотор.
- Swirls по цела кола кој се надевам во скоро време ќе бидат решени со полирање + заштита.
- Замаглени фарови.
- Неквалитетни бришачи кои оставаа траги и ноќно време ми беше смрт за возење при дожд, но сега ги погодив и си бришат во ред. Се работи за Praxis All seasons soft wiper blade, купени од Макпетрол бензинската во Удово.
- Неколку ситни гребаници

За генералка на колата користам:
- Arexons tyre restorer



- Sonax CarWash Shampoo


- Sonax Wasch&Wax


- Sonax multi sponge


- Sonax AutoPolitur


:)  :)  :)
« Последно менување: 29 Септември 2013, 11:46:39 am Passat3B »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #1 на: 13 Јули 2013, 16:38:04 pm »
Ооооо кој ни дошол ! :)
Добредојде друже и имај пријатен престој овде ;)

Пасатчето одлично го гледаш, продолжи така ;)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #2 на: 13 Јули 2013, 16:42:36 pm »
Благодарам Ракун!
Ќе продолжам да го лицкам бидејќи многу кејф ми прави вака кога го гледам чист  :-*

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #3 на: 13 Јули 2013, 16:52:49 pm »
Пријатен престој одлично изгледа многу километри :D
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #4 на: 13 Јули 2013, 16:58:21 pm »
Благодарам!  ::)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #5 на: 13 Јули 2013, 17:52:22 pm »
педантен момак,браво за чистотата и одржувањето на колата,со здравје да се вози :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #6 на: 13 Јули 2013, 18:21:55 pm »
Благодарам!  :)
Инаку морам да те пофалам и ти одлично се грижиш за полото - одлично е!   :D

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #7 на: 14 Јули 2013, 00:42:21 am »
Дете битолчанче или грешам :)

Добредојде и создравје да се вози :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #8 на: 14 Јули 2013, 00:57:32 am »
Грешиш :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #9 на: 14 Јули 2013, 05:56:15 am »
Зошто го смени сензорот за темпрература?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #10 на: 14 Јули 2013, 06:14:48 am »
Зашо се расипал.... Фак лоџик.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #11 на: 14 Јули 2013, 13:08:05 pm »
Ајде со здравје нека се тркала... :) До миљон што би рекол ја...  ;D
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #12 на: 14 Јули 2013, 15:28:22 pm »
Со здравје да си го возиш :)
Се чустува ли тромавост во вожњата, поради малиот број коњски сили ?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #13 на: 14 Јули 2013, 15:54:07 pm »
турбо дизел е .... каква тромавост :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #14 на: 14 Јули 2013, 22:59:30 pm »
Дете битолчанче или грешам :)

Добредојде и создравје да се вози :)
Грешиш друже од Валандово сум  ;)

Зошто го смени сензорот за темпрература?
Сензорот го сменив бидејќи не беше во ред, подолго време и треба на стрелката да се качи до 90 и по некое време паѓа на нула. Затоа решив да го сменам ипак важна работа е да се прати работната температура на моторот. Колку за информација за нов сензор (+ монтажа) ми зедоа 1700 мкд.  :)

Ајде со здравје нека се тркала... :) До миљон што би рекол ја...  ;D

Ти благодарам!  :D
Со здравје да си го возиш :)
Се чустува ли тромавост во вожњата, поради малиот број коњски сили ?
На мое барање е земен со 90 кс. бидејќи сеуште немам положено а и кога ќе положам според законот немам право да возам возило со над 100 кс. а и со оглед на тоа што Југото има бедни 55 кс (магариња  ;D) а ова 90 и не е така мала разлика така да не осеќам никаква тромавост - воглавно сум задоволен!  ;)