Автор Тема: VW Passat 1.9 TDI  (Прочитано 35635 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #135 на: 09 Јануари 2017, 01:28:00 am »
Јас го знам како Ристе, би требало за истиот човек да збориме.  ;D

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #136 на: 09 Јануари 2017, 23:38:52 pm »
Да да истио чоек е, препорака и од мене. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #137 на: 14 Јануари 2017, 15:45:39 pm »
Другар дане имаш број од човеков за репарирање на бошот ??
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #138 на: 15 Јануари 2017, 14:04:42 pm »
070 597 083 - Ристе Кавадарци.

Благодарам Мартин!  ;D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #139 на: 10 Март 2017, 15:26:41 pm »
На 223.600км направен редовен сервис.
Промена на масло, филтер за масло и филтер за гориво.
Маслото и филтрите сам си ги купив од Аутофилтер во Карпош 4, сервисот извршен во Мите Експрес - Валандово.  :)



Филтерот за воздух и полен филтер сам си ги сменив, така да се е променето, мирна глава.  :D


Него ме мачи задниот брисач, си функционира се како што треба ама скршена е прскалката па не прска на стакло него позади.  ::)
Некоја идеа како да го решам?



Имам обезбедено нов брисач од понов модел на VW, голф 5 ми се чини. Само ова да го средам па после да го наместам новиот брисач.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #140 на: 26 Септември 2017, 19:56:19 pm »
После поминати 10.000км од претходниот сервис, направен редовен сервис на 233.480км со промена на масло.
Филтерот за уље го сменив претходниот пат, така да преку една промена на масло е сосема океј според мене.
Мора да најдам друг мајстор, овој се прави паметњакович, се навреди шо не купувам од кај него уље него си носам од мене и требало на 7000км да менувам уље, 10w-40 на 7000км се менувало, јас сум бил будала шо чекам 10.000км. Пробав да му објаснам дека или 10.000км или една година се менува уље, што попрво настапи ама џабе.



Ова нека стои тука чисто ради евиденција околу колата.  :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #141 на: 26 Септември 2017, 20:06:33 pm »
Па и не ти е паметна и твојава идеја да го оставаш филтерот за масло, и тој треба да се менува заедно со маслото. Ти си знаеш најдобро.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #142 на: 26 Септември 2017, 21:43:58 pm »
А и е прилично ефтин...

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #143 на: 26 Септември 2017, 21:44:44 pm »
Можеби и ќе го сменам и него, да не ме јади јанза.  ;D

Ќе гледам Hengst или нешто слично да набавам, за разлика од некој си „германски“ бренд што ми го понуди мајсторот за 250ден.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #144 на: 26 Септември 2017, 22:58:29 pm »
Смени го. Хенгс би требало 350 или 400 ден да е.

За интервали ко што не поминуваш км многу еднаш годишно терај си и не се замарај

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #145 на: 26 Септември 2017, 23:41:58 pm »
И смени бренд на масло да не менваш и подизачи. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #146 на: 27 Септември 2017, 23:20:42 pm »
Обавезно ќе го сменам и филтерот за масло, пак Hengst ќе земам.

Одприлика 20000км поминувам годишно, некаде Март месец и Септември менувам уље. Два пати годишно.
Како за иронија имам нови подизачи сменето, кога ми се скина ребрастиот каиш сменив се комплет, вентили, подизачи, воѓици..

Претходно возев Wurth 10W-40 и шознам онака не беше лошо масло. Од кварот кога бидна, ставив прво Wurth за да на околу 3000км го сменам со Liqui Moly со адитив mos2. За поминати 10000км му дотурив околу 600-700гр.
Сеа го земав ова без адитив, сметам дека е квалитетно уље.

Препорака некоја за полусинтетика 10W-40 ако ова не го бива?

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #147 на: 27 Септември 2017, 23:45:31 pm »
1. Total quartz 7000 10-40.
2. Мотул, али да се пречуеш со пецони да ти каже што како .
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #148 на: 28 Септември 2017, 01:42:56 am »
Тотал возам моментално, ако ликви дотурав околу 400гр на 10 000, тоталот како шо турам, така и го испуштам нема дотурање. Или Арал. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #149 на: 28 Септември 2017, 08:37:47 am »
1. Total quartz 7000 10-40.
Ај НЕ! ок?
НЕ!!! Ок?

Edit:
Ај да се дообјаснам, по 5000км испарува како вода. Еден сведок лично сум јас, таксист со Мондео, Голф 3-ки и така натаму. Да, читам и ок искуства но мојот став е НЕ!!!

Филтер за масло обавезно!!!
Евтин филтер никако!!! Хенгст ќе си бараш според мене или некој ќе ти кажат дали се задоволни од Mann, Filtron или не знам кои други.

И смени бренд на масло да не менваш и подизачи. :)
Допрецизирај те молам, од која причина? Нешто несоодветно со конкретниот мотор или?
Првиот пат ставив тотал и од тогаш ставам само ЛМ, 2,4 јтд / 10V.