Автор Тема: VW Passat 1.9 TDI  (Прочитано 35640 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #120 на: 07 Август 2016, 10:14:17 am »
А чекај лошо е вака да ја возам?
Како мислиш ќе се гуши?
Според мене би трошела повеќе уље сега, зголемена потрошувачка можеби и тоа. Него за моторот вака да не е лошо нешто, незнам.  ???

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #121 на: 07 Август 2016, 11:51:37 am »
Абе што се мислиш, врати ја назад колата и крај нека наштелува палење!

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #122 на: 07 Август 2016, 12:52:14 pm »
Vrati mu ja kolata neka ti ja sredi kako so treba.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #123 на: 21 Август 2016, 21:58:19 pm »
Стокмена, исперена и исполирана цела кола во домашни услови.  :D   :-*

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #124 на: 22 Август 2016, 07:26:12 am »
 :o

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #125 на: 23 Октомври 2016, 14:56:28 pm »
Бидејќи ги променив фабричките звучници, морав нешто да сторам и со радиото. Па така променето е и тоа со ново афтермеркет, марка JVC купено од Нептун за 3000. Убаво изгледа, подобрен е звукот за разлика од фабричкото радио, така да јас сум задоволен.  :D

Пред:


Потоа:


Убаво свети и вечерно време, погодени се боите.  :)


Друго, си купив од Сонакс сет за репарација на фарови, па ги освежив малку и фаровите.

Ова е кога го нанесов sealant-от а овие се денски слики:


За разлика од претходно какви беа, има големо подобрување.


Плус сменив сијалици на долго светло Philips white vision, на соборено светло ги имав сменето од поодамна со Philips x-treme vision и плус со полирањето на фаровите, можам да кажам дека добив сосем солидно светло. Има убав сноп, доста добро осветлува на патот, јас сум задоволен од резултатот.  :)
(*напомена: не е на рамно колата.  ;D)


И еве ги на пат:



Моментално сме на 217000  :D

« Последно менување: 23 Октомври 2016, 22:56:18 pm Passat3B »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #126 на: 23 Октомври 2016, 16:00:44 pm »
Вo сетoт oд сoнaкс мислaм декa имaше и шмирглички или се лaжaм?
Си требaл дa ги зaшмирглaш мaлку, или стaклени се фaрoвиве?

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #127 на: 23 Октомври 2016, 22:59:36 pm »
Па ги искористив и тие ама си сака повеќе шмиргли, различни градации.  :)
Пред година дена ми беа полирани со китот на желка, сега со сонакс, и пак се замаглени, не се целосно чисти. Уште од мафра ми остана да го пробам/искористам.  ;D
Пластика се фаровите, затоа и се пожолтени, да се стакло нема да бидат вакви.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг:
« Одговори #128 на: 23 Октомври 2016, 23:06:18 pm »
Препушти на професионалец машински да ти ги среди и да ти стави заштита, како што гледам на сликиве и после полирањето не се во сјајна состојба..

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #129 на: 31 Декември 2016, 00:17:10 am »
Да освежам тема..  ;D

Бидејќи поминав 30000+ км од кога ги сменив гумите во 2014, време им беше за нови.
Извадени Debica Presto произведени 2014, и на нивно место ставени нови Debica Presto HP, произведени 7 недела од 2016, по цена од 2600мкд со една година гаранција, гратис балансирање и монтажа.

http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Debica/Presto.htm


Сменети се и комплет дискови и плочки, напред и позади.
Дискови ITN а плочките Tomex - комплет за 110е.   :)


И поради тоа што сменив гуми, си доби и ласерско центрирање во сервис Пит Стоп во Струмица (Дабиље). 800мкд. сега спие колата.

Од кога се случи тоа што се случи со моторот, поминав 7000км за 4 месеци  ::)
Што значи асално се вози, ама стара кола па си покажува проблеми.
Почна да тече нафта од бош пумпата, па да поминат овие празниците ќе ја носам на репарација во Струмица кај познат бошист.  :)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #130 на: 31 Декември 2016, 15:38:38 pm »
Со здравје да се тркалаат гумите ! :) Пиши како ќе си задоволен од плочките кога ќе налегнат целосно.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #131 на: 01 Јануари 2017, 17:35:23 pm »
Благодарам, да си купиш поубави.
За плочките тоа од кога ќе налегнат убаво, сега за сега е многу мека педалата како сунѓер па возам внимателно.  :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #132 на: 03 Јануари 2017, 00:16:30 am »
Со здравје да се тркалаат гумите ! :) Пиши како ќе си задоволен од плочките кога ќе налегнат целосно.
Предходните плочки ми беа tomex. Единствена "мана" им е што пуштаат доста црно, а од друга страна тоа е добро, меки се и се трошат тие а не дискот. Очекувај дека ке ти се истрошат малку порано од вообичајно.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #133 на: 09 Јануари 2017, 01:06:25 am »
Пред божиќ требаше да ја носам во Струмица за репарација на бош пумпата, арно ама на крај излезе да ја носам во Кавадарци и не жалам за патот што го поминав до таму. Дефинитивно вредеше.
Во Струмица ми бараа 6000мкд и тоа да си најдам мајстор да ја извади бош пумпата па да ја репарира овој, вака во Кавадарци ми земаа 4500мкд и од нив се вадење и монтажа и штелување на мотор (палење) и нафта нека потрошив 500 а не е толку, за 5000мкд спие колата.  :)
Многу пожива е сега, убаво влече, нема потреба да ја стискам до доле педалата за гас за да иде, се на се јас сум задоволен.
Препорака од мене за мајсторот, се наоѓа веднаш позади бензинската на влезот во Кавадарци. Многу спремен човек, има доста работа, од сите краеви доаѓаат коли кај него.
Алал да му се парите.   :D

Снимив и едно видео, ладен старт на -3*C, не беше палена два дена (незнам зошто вака излезе криво снимката).
Како и да е, мислам дека се гледа убаво.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #134 на: 09 Јануари 2017, 01:25:15 am »
Кај Ристо беше?
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D