Ете народе, се вратив... Тура од 350 километри по Преспанско.
Еден ден порано, ама така налагаат околностите дома и на работа.
Се на се, убаво...
Стасав до таму без проблем, Ева се изјази по Џавато без загревање со отворен капак. Во највисокиот дел побара 2ра, малку под 60км/ч. Ама ајде, не и замеруваме! Таму една пауза и јуриш на долу.
(1 слика)Асамати плажата не е баш за капење, и утеха си баравме во Претор, Сливница, Долно Дупени,Шетање до Ресен 2-3 пати, Стење, по Галичица, Отешево... Дупени БИЧ е чудо од место. Не ми се веруваше дека онакви работи има на Преспанско.
2 слика е во Претор,
а 3 на излегувањето од Дупени БИЧ (се гледа и граничниот премин Маркова Нога по патот на долу).
Од другиот мобилен ќе ги симнам сликите во наредна прилика... Последната слика, Лагово... на самиот излез од Прилеп кога ќе заминеш кон Битола.
По неколку дена постојано тормозење, каишот на перката ми се заинаети и се преврти наопаку, со клиновите на горе и се изобличи.. Ајде нов од Прилеп 1050ка и се си беше пак во ред. Во главно , тоа беше....
Сега следи статистика: 25 литри / 350 километри = 7.1 на 100км... Во тоа е вклучен и пат на отворено и лазење со 40 по Галичица на горе, по споредни патчиња, возењето низ Ресен.
Максимална постигната брзина 100 - натоварен... Можеше и многу повеќе, ама предните гуми половни и небалансирани... хмм....