Фала дечки фала...
Не разбрав... Која е Михаела??? Уште од 2006та имам имиња на колите. Тогаш ја имав првата Шкода - Лара... или Лора беше... не се ни сеќавам.
Абе имав и јас делови од тоа шткодите цели гаражи, АРНО АМА... кога го зедов Фиќото се исфрлив , реков „кој ќе ти вози Шкода допрва сеа...“ ама зе зае*ав..
Ај вака сеа со деловите:
Помпа глцеринска за кочници, и двете за кумплуг... тие делови се ретки а безвредни и сите ги фрлаат пошто не можат да ги наплатат. Ако има некој дома нека стори абер... Ми требаат за резерва, пошто веќе ги снемува...
... карики нови ако се најдуваат, дихтуни.... било што...
лагери на колцата, крило предно десно колку да не го пеглам моево (малку е корозирано одвнатре)...
јабучици, лимарија... било што....
Околу греењето... Другата шкода лади поубаво додека е нова, но како и да е, во системот собира скоро 20 литри течност, што во никој случај не може добро да се излади... прегревање не ти бега (од искуство... тешко и незаборавно)
Оваа лади поубаво во град , но на автопат мораш да имаш нешто за да го трга добро воздухот , пошто гриловите се повдлабнати отколку што би требало ( сметам дека е превид во конструирањето) и воздухот само пролизгува покрај каросеријата.... Искрено, се плашам од повеќе течност во системот и дополнителен ладњак... Мислам дека најубаво решение е некои симпатични грилови странично.
Ќе добие нова фарба- кад тад.... само што сега не сум моментално во состојба да платам...
Прагови треба да сменам, оддолу малку сакам да скрпам, да фарбам... и тоа е тоа... ама... секако треба да врзам едно 200-300 евра , што не ги имам сега.
Назад има страшна изолација со стаклена волна и сунгер... верувале или не, ништо не се сеќава... + одделено е и со канал огромен за проток на ладен воздух... само ... лошо е тоа , пошто парното ми е слабо и в зимо ќе смрзнам ако не седнам да го средам...
Влатче... не те разбрав баш за што ми викаш.... Назад бензинската пумпа ја ставив од 120ка... со + помпица за рачно... ама не знам за какво запче викаш...