Шкода Чамојца. Така ја викавме ние нашата што ја имавме од 1989-1991. Жолта. Се сеќавам кога ја купе татко ми (по препорака на другар му, пошто тој имаше Чамојца, ама зелена. Шкода 100). Од зелената се разликуваше по рачките на вратите и капачката за резерварот за гориво

Е со таа капачката за горивото заебанции... Не знаеја како да ја отворат, додуша не знаеја и кај се наоѓа. На зелената Чамојца имаше за отварање на резерварот на десното крило, на жолтата немаше такво нешто. Се смееја дека оваа Чамојца е на дрва или на ќумур, нема резервар за бензин.
Излезе дека од внатре се отвара капачката за бензин, на едната страна, под воланот имаше рачка за отварање на хаубата, а од другата, совозачката страна имаше иста таква рачка...е таа ти била за отварање на капачката.
Се отвараше тој тркалезниот дел, излегуваше нанадвор. Со јак ведер беше, некој ако не се трга од патот, можиш слободно да го шибниш и в ендек да летни


Ај укради бензин да те видам!

Чамојцата е снимена на една свадба. На снимката од камерата звучеше како некој Мустанг ко ќе работи под мала гас...или некој крш камион

Колку банани и портокали има преносено Чамојцата од Грција, ни Анте Марковиќ не знај

Продадена беше во 1991 и заменета со 101 комфорт (Кели)

101 на турски - бајрактер бир ич бир
101 комфорт на турски - бајрактер бир ич бир ОХО ХООО

Со здравје да си ја возиш, и уште многу километри да поминиш, гледам дека имаш мерак на колава
