Автор Тема: Да ви ја претставам Ева  (Прочитано 14840 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #45 на: 12 Јули 2013, 13:58:08 pm »
да да... само ме плаши што нагорнината е поприлично стрмна, а малечкава има само 988 кубици и скоро тон и пол ќе биди сосе товар... држете среќа да качи без проблеми... оти ако стигне до втора на угорницата, догоре ќе прегрее секако...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #46 на: 12 Јули 2013, 14:13:16 pm »
И мојот болид е со 993 кубици, 29 kw, со плин, па еве како пред 1 недела исто на пат до претор го искачуваше плетвар на плин. Од 3:00 до 7:00 е искачувањето, немораш да го гледаш цело видео.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #47 на: 12 Јули 2013, 14:20:15 pm »
5 кубици плус има кадетот, друго е.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #48 на: 12 Јули 2013, 14:20:48 pm »
Абе веке шта да ти причам :D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #49 на: 12 Јули 2013, 14:41:29 pm »
За удолница немора да кочиш, стави на помала брзина и моторно ќе си кочи колата, трета околу 60 ќе ти држи. За нагоре пуштај парно да ја врти водата :)

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #50 на: 12 Јули 2013, 15:43:26 pm »
И мојот болид е со 993 кубици, 29 kw, со плин, па еве како пред 1 недела исто на пат до претор го искачуваше плетвар на плин. Од 3:00 до 7:00 е искачувањето, немораш да го гледаш цело видео.

Да не ни го вреѓате градот ;D ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #51 на: 12 Јули 2013, 16:13:38 pm »
^^
Таткоми таа работа :D Иначе мајками е родум од Прилеп, имам прилепска жичка ;)

За удолница немора да кочиш, стави на помала брзина и моторно ќе си кочи колата, трета околу 60 ќе ти држи. За нагоре пуштај парно да ја врти водата :)

Ја гавато и од едната и од другата го симнав со 4 брзина со ~90-100 км/ч, со некои минимални прикочувања на 2-3 кривини. Значи само пипам кочница и пуштам.

Отсутен Need4Speed

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
  • VW in my heart
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #52 на: 12 Јули 2013, 20:13:07 pm »
Preubav oltajmer,da go vozis uste 100 godini ;)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #53 на: 12 Јули 2013, 20:52:38 pm »
Првата кола која ја возев !

Дај едно кругче пријателе да се подсетам на младоста ? ;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #54 на: 12 Јули 2013, 21:04:29 pm »
Ја гавато и од едната и од другата го симнав со 4 брзина со ~90-100 км/ч, со некои минимални прикочувања на 2-3 кривини. Значи само пипам кочница и пуштам.

Точно, но со тон ипол како што рече дека ќе биде натоварен со четврта ќе се залетува ептен, па ке треба нон стоп да кочи.

4та 90~100, со трета 60~70, тамански :) Внатре ќе бучи ќе корне :D

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #55 на: 14 Јули 2013, 18:30:18 pm »
Вчера и денеска бев презафатен, обврски на работа, припреми за одморот, и не остана време за на форум...

Утре заминувам рано рано...
Си викам ќе начекам интернет од таму да пишам како сум поминал по патот , но во краен случај за 9 дена чекајте ме пак на форум со впечатоци од одморот...

Патем, Кадетот има напред мотор и е далеку далеку по стартен од Шкода... Но што е - тука е... Мора да качи и мојава. Ја проверив, сменив внатрешни гуми некои што беа оштетени, турив масло, глицерин... се ми се чини исправно...
Посакајте и на Ева пријатен пат... :D Се читаме...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #56 на: 14 Јули 2013, 19:06:19 pm »
Срејчен нека ти е патот друже и без мака да си поминиш со Ева :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #57 на: 14 Јули 2013, 19:57:23 pm »
sliki od patot a moze i nekoe klipce samo ocite na patot

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #58 на: 22 Јули 2013, 19:14:18 pm »
Ете народе, се вратив... Тура од 350 километри по Преспанско.
Еден ден порано, ама така налагаат околностите дома и на работа.
Се на се, убаво...

Стасав до таму без проблем, Ева се изјази по Џавато без загревање со отворен капак. Во највисокиот дел побара 2ра, малку под 60км/ч. Ама ајде, не и замеруваме! Таму една пауза и јуриш на долу. (1 слика)
Асамати плажата не е баш за капење, и утеха си баравме во Претор, Сливница, Долно Дупени,Шетање до Ресен 2-3 пати, Стење, по Галичица, Отешево... Дупени БИЧ е чудо од место. Не ми се веруваше дека онакви работи има на Преспанско.  2 слика е во Претор, а 3 на излегувањето од Дупени БИЧ (се гледа и граничниот премин Маркова Нога по патот на долу).
Од другиот мобилен ќе ги симнам сликите во наредна прилика...  Последната слика, Лагово... на самиот излез од Прилеп кога ќе заминеш кон Битола.

По неколку дена постојано тормозење, каишот на перката ми се заинаети и се преврти наопаку, со клиновите на горе и се изобличи.. Ајде нов од Прилеп 1050ка и се си беше пак во ред. Во главно , тоа беше....



Сега следи статистика: 25 литри / 350 километри = 7.1 на 100км... Во тоа е вклучен и пат на отворено и лазење со 40 по Галичица на горе, по споредни патчиња, возењето низ Ресен.
Максимална постигната брзина 100 - натоварен... Можеше и многу повеќе, ама предните гуми половни и небалансирани... хмм....
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Да ви ја претставам Ева
« Одговори #59 на: 22 Јули 2013, 20:09:34 pm »
Кога веќе си бил Долно Дупени а и Дупени Бич шо не си тркнал до на караула горе.

 :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D