Без клима, со нормално-накај-внимателно возење, без цепидлачење мене ми трошеше меѓу 5.5 и 5.9, па земав средна вредност. Со клима, потрошувачката мене ми отиде литар нагоре.
Кога го вратив на крај, во МАС ми измерија просечна потрошња (има некој неофицијален натпревар меѓу новинарите за тоа кој ќе измери најниска потрошња) и ми кажаа дека просечната потрошња за тие 4 дена колку што беше кај нас е 6 на 100 (сосе тие 10 на 100 на Дени).
Огромна улога игра ПРЕдолгата втора брзина. Комотно може да се вози од 20 до 120 во втора.