Драги Клабери и за нијанса подраги Клаберки (и Томе),
Ја имам таа чест да ја најавам првата CARclub Тура. До сега правевме возења до натаму и наваму, а овој пат ќе правиме една поголема тура. Турава беше планирана за почеток на Јуни, па за крај на Јуни, па на крај ја префрливме и официјално за почеток на Јули.
Предвидениот термин е 6ти и 7ми Јули, првиот викенд во Јули.Дојде време да направиме една поголема тура и поголемо дружење. Планираната рута е следната:
- Скопје -> Пробиштип -> Виница -> Берово -> Струмица -> Неготино -> Скопје. Според Google Maps вкупната тура е 420 километри. Целосна предвидена рута -
тука.
Би имало неколку попатни застанувања, со можно застанување во Штип. Во Берово ќе преспиеме и ќе заседнеме во некоја локална кафана. Следниот ден би се возеле до Струмица, каде што ќе бидеме пречекани од Струмичото Карклуб Лоби, и од таму до Неготино (каде што најверојатно би седнале на оброк во кафаната каде што правевме собир).
Според информациите кои ги имаме, кревет за една вечер во Берово би требало да чини околу 500 денари.
Со оглед на тоа дека бројката на учесници е навистина важна, би ги замолил сите оние кои би дошле на време да се пријават, за да можеме да ги обезбедиме соодветните услови.
Благодарам!
АПДЕЈТ!Тргнување:
Ден: Сабота, 06.07.2013
Локација: Паркинг пред спортската сала Борис Трајковски
Време: 9:30-10:00 собирање, 10:00 тргнување. Бидејќи сепак се работи за подолга рута,
би ве замолил сите да бидете на време.