Здраво Миодраг,
во врска со темава, јас ќе ти кажам лично мое искуство што направив лани (Окт 2012).
Имам Мазда 626 98г без клима, меѓутоа колата (барем по коментарите од мајсторите) имаше фабричка припрема за климата: дупки за цевките, дугме за пуштање, кабли и сл., стегачи/водици за цевки и сл.
Исто како и тебе и мене ми велеја дека накнадно вградување е смрт, требало цела кола да се растури, цела предна маска итн итн. Во мојот случај немаше ништо такво, само се закачи дугмето за климата на кабел, под совозачката преграда се смена испарителот заедно со филтер за полен, и толку беше од внатрешност. Исто и од надвор, релативно работата си беше едноставна.
Инаку јас завршив во Бугарија, во Ќустендил работа. Тука никој не ми се нафаќаше да работи (бев кај Цеко, Пачкуљ итн итн), па не се наоѓало и баталив. Ваму во ЌН монтирав во сервис кој го најде еден дечко од Мазда форум БГ кој ми ги најде и деловите, го монтираја дечки ептен профи, ептен си ја знаеја работата и ми рекоа дека имале доста коли од МКД кои оделе на монтажа таму.
Друго: од аспект на делови, пошто сепак е Рено Меган и би требало да го има тука, најдобро да најдиш некое како што ти предложи Онак од ТЕ или пак ко мене да бараш по бугарски отпади. Нова да вградиш ќе ти биди скапо, најдобро е сепак половна.
Ќе ти треба компресор (нормално
заедно со држач, комплет цревата, дополнителна перка, испарувач за кабина, дугменце за пуштање и останата електрика, термо вентил. Кондензаторот (хладњакот) и дехидраторот (филтерот) ако ги земаш од стара кола најверојатно ќе се скапани, па ќе мораш нови. И тука топло ти препорачувам од БГ, фирмата се вика БНГРУП. Мене за дехидратор тука во СК ми бараа 55-60еур, кај овие 12еур, па сега ти види.
Јас сум задоволен, колата е топ, нормално си работи, така да добро провери си по рено форуми по соседството дали некој направил таква операција, дали има нешто компликации и сл.
Со среќа нека ти е, нек се угоде