Игор, од каде знаеш дека е тој муабетот? Ти кажал некој од организаторите, или си чул гласини, или ти така мислиш?
Можноста за гледање на некој спортски настан секаде во свет се наплаќа. Не само што треба, туку мора и кај нас да се наплаќа - картите се еден од потенцијалните извори на пари за понатамошно унапредување. Цело време мрсиме муда за тоа колку е лоша стазата, како условите биле никакви, а не сакаме ни 50 денари да платиме. Не викам дека нема голем дел од тие пари да завршат во нечиј џеб (друг проблем сам по себе, и тоа на државно ниво, и не е сега местото да го дискутираме), ама ако мал дел од тие 50 денари отидат за средување на стазата, јас ќе бидам среќен.
Нека нема никакви услови првите 10 трки. Нека нема трибини, нека нема ништо. Ама нека се потсоберат пари, па после 10 трки нека стават нов асфалт. Па после 20 трки нека направат некакви трибини и добра, висока ограда. После 30 трки нека направат нови, изградени (не монтажни) боксови.
Сакаме моторспорт, се жалиме дека нема ништо, дека ништо не се случува, дека нема трки, а не сакаме да платиме 50 денари. Дури не ги ни окривувам за истуреното уље преку банкина (освен за еколошкиот аспект на толку драстично решение) - ама едноставно немале друг начин да се справат со сељачизмост и нееволуираноста на просечниот Македонец кој ако треба ќе иде низ грмушки, кал и камења само за да не плати 50 денари. Ама затоа со задоволство ќе ги даде за цигари.