Како што напишав во некои од постовите, дојде на ред да ставам слики и од поставувањето на звучна изолација во вратите.
Тимот е стандарден... јас и
MihailНајпрво решивме да почнеме со расклопување на задните врати, бидејќи се помали и помалку копчиња има на нив, а со тоа и полесни за расклопување.
Го извадивме внатрешниот дел од вратата:
Потоа го извадивме звучникот за да не смета:
Следува вадење на фабричката изолација која беше залепена со некој јак лепак што се тегне (од ова не болеа врвовите на прстите уште 3 дена
), па на моменти моравме и да употребиме скалпер за да не ја искинеме со тегнење.
Дојде редот да започнеме со поставување на изолацијата.
Вратите во принцип се доста големи, а имаат мали отвори, тешки за мерење димензии, со оглед на тоа, колку и да направевме идеални големи парчиња изолација (да изгледа како слеано) ќе неможевме да ги бутнеме низ отворите. Како и да е, секоја врата беше направена од 3 до 4 парчиња изолација, кои се трудевме да ги залепиме колку е можно поидеално, иако просторот е тесен-мал за манипулација, а изолацијата самолеплива, па прави проблем при ставање во деловите кои немаат отвор т.е просторот во вратата кој се наога накај предната страна од колата.
Како и да е, не остана на ниедна врата простор кој е со површина-само лим. Малку беше незгодно за фотографирање, ама мислам дека е доволно за да се види.
Еве како излезе...
Пред:
Потоа:
Следува склопување на вратата, ама најпрво мора да се врати звучникот, потоа да се залепи фабричката изолација со дуплофан:
Процедурата за сите врати беше иста, па нема да пишувам текст туку само "пред" и "потоа". Предните врати се многу поголеми, со цела рака влегувавме навнатре за да стигнеме до крајот да залепиме. За нив лепењето беше потешко и временски подолго:
Пред:
Потоа:
Пред:
Потоа:
Резултати има, нема да го повторувам она што го пишував во претходните постови. Со затворени прозорци, надворешните звуци се 30-40% потивки, буката, свирењето на колите, ветер и слично се е далеку потивко од претходно.
На автопат сеуште не сум возел за да видам каква ќе биде разликата.
... до наредниот проект
APD