Автор Тема: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)  (Прочитано 22945 пати)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #30 на: 24 Мај 2013, 21:31:16 pm »
Епа капакот на гепекот не го изолирајте.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #31 на: 30 Мај 2013, 20:34:49 pm »
Како што напишав во некои од постовите, дојде на ред да ставам слики и од поставувањето на звучна изолација во вратите.
Тимот е стандарден... јас и Mihail

Најпрво решивме да почнеме со расклопување на задните врати, бидејќи се помали и помалку копчиња има на нив, а со тоа и полесни за расклопување.

Го извадивме внатрешниот дел од вратата:



Потоа го извадивме звучникот за да не смета:



Следува вадење на фабричката изолација која беше залепена со некој јак лепак што се тегне (од ова не болеа врвовите на прстите уште 3 дена  :)), па на моменти моравме и да употребиме скалпер за да не ја искинеме со тегнење.



Дојде редот да започнеме со поставување на изолацијата.
Вратите во принцип се доста големи, а имаат мали отвори, тешки за мерење димензии, со оглед на тоа, колку и да направевме идеални големи парчиња изолација (да изгледа како слеано) ќе неможевме да ги бутнеме низ отворите. Како и да е, секоја врата беше направена од 3 до 4 парчиња изолација, кои се трудевме да ги залепиме колку е можно поидеално, иако просторот е тесен-мал за манипулација, а изолацијата самолеплива, па прави проблем при ставање во деловите кои немаат отвор т.е просторот во вратата кој се наога накај предната страна од колата.
Како и да е, не остана на ниедна врата простор кој е со површина-само лим. Малку беше незгодно за фотографирање, ама мислам дека е доволно за да се види.

Еве како излезе...

Пред:


Потоа:


Следува склопување на вратата, ама најпрво мора да се врати звучникот, потоа да се залепи фабричката изолација со дуплофан:



Процедурата за сите врати беше иста, па нема да пишувам текст туку само "пред" и "потоа". Предните врати се многу поголеми, со цела рака влегувавме навнатре за да стигнеме до крајот да залепиме. За нив лепењето беше потешко и временски подолго:

Пред:


Потоа:


Пред:


Потоа:



Резултати има, нема да го повторувам она што го пишував во претходните постови. Со затворени прозорци, надворешните звуци се 30-40% потивки, буката, свирењето на колите, ветер и слично се е далеку потивко од претходно.
На автопат сеуште не сум возел за да видам каква ќе биде разликата.


... до наредниот проект  :D

APD
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #32 на: 30 Мај 2013, 20:53:23 pm »
Одлично и педантно изведено, и уште подобро документирано!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #33 на: 30 Мај 2013, 21:26:16 pm »
Само пофалби за педантноста, и процесот на објаснување!

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #34 на: 30 Мај 2013, 22:39:33 pm »
Одлично. Колку квадрати вкупно материјал влезе секаде вкупно и во врати и назад ако може да кажеш? Бидејки членот AUUU чека да му пратам пари за да ми купи материјал па да знам колку да му пратам :D

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #35 на: 30 Мај 2013, 23:01:02 pm »
Одлично. Колку квадрати вкупно материјал влезе секаде вкупно и во врати и назад ако може да кажеш? Бидејки членот AUUU чека да му пратам пари за да ми купи материјал па да знам колку да му пратам :D

Вкупно 4 квадрати (плус-минус), ама се зависи како ќе се искористи "ролната" изолација. Нас на пример ни останаа само ситни парченца изолација кои ги собра во едно обично ќесе и приближно 1 квадрат парче чиста форма (коцка). Значи со продуктивно сечење и паметно искористување на просторот можеш и многу да заштедиш. Шкарт парчиња немавме. Моја препорака е добро да се измери и најпрво да се исечат најголемите парчиња, па потоа поситните.
Напомена: Изолирани се 4 врати и багажен простор (без капакот).
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #36 на: 31 Мај 2013, 00:10:33 am »
Браво колеги!
вуферче ќе се менува сега???  ;D

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #37 на: 31 Мај 2013, 08:33:37 am »
Браво колеги!
вуферче ќе се менува сега???  ;D

Во никој случај :) и овој вуфер што го имам е прејак за мој вкус... не ми треба да се слуша надвор од кола :)

Не напоменав погоре, многу подобрен е звукот на звучниците од вратите, после ставањето на изолацијата.
Peugeot 407 2.0HDI 136KS

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #38 на: 31 Мај 2013, 11:54:40 am »
Дечки, вие сте цареви !!!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #39 на: 31 Мај 2013, 12:09:35 pm »
Алал да ви е толку педантно немам зборови!

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #40 на: 31 Мај 2013, 15:29:16 pm »
Секоја чест момци, ме убедивте да го изолирам и моето лавче!

Отсутен Mihail

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг:
« Одговори #41 на: 31 Мај 2013, 16:27:22 pm »
Milo mi e za pozitivnite reakcii, voedno i za pottikot sto se pravi kaj ostanatite clenovi, toa ni e i poentata na vakvata prezentacija i dokumentacija na sekoj od nasite proekti. Daleku sme od celosna forumska kultura no ima promeni veke na forumov koi se primetuvaat :-) pozZ do slednata domasna zadaca ;-) p.s sry za latinicata...  Od mob

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #42 на: 31 Мај 2013, 16:41:32 pm »
Одлично сте завршиле, многу педантно :) . Имам еден совет само се надевам дека ви текнало и на вас тоа меѓутоа ќе ви кажам во живо кога ќе се видиме :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #43 на: 31 Мај 2013, 17:54:17 pm »
А тука на форму да не ти го украде некој занаетот :) :) :) па у 4 очи :) :) :)
Секоја чест за немрзеливоста :) :) :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен APD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
  • Everybody be cool. You be cool.
Одг: Вградување на звучна изолација (Peugeot 407)
« Одговори #44 на: 31 Мај 2013, 18:07:12 pm »
Milo mi e za pozitivnite reakcii, voedno i za pottikot sto se pravi kaj ostanatite clenovi, toa ni e i poentata na vakvata prezentacija i dokumentacija na sekoj od nasite proekti. Daleku sme od celosna forumska kultura no ima promeni veke na forumov koi se primetuvaat :-) pozZ do slednata domasna zadaca ;-) p.s sry za latinicata...  Od mob

Абе нема "sry", мора да си ја почитуваме кирилицата... еве ти, снимај одма "Alt+Shift" за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.zlatkoStamatov.macedonianKeyboard&hl=en

 ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
Peugeot 407 2.0HDI 136KS