Автор Тема: Убави места во Македонија  (Прочитано 116056 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #120 на: 18 Август 2016, 11:31:27 am »
Галичник, Лазарополе, Гари..убајни а за Галичник само ако одиш Хотел Неда, салатиче, ракииче, поглед... мхмхм

Фала на препораките.

Само да потврдам за Хотел Неда во Галичник, феноменална храна и локација што вреди да се види. Поглед дури до Дебарско езеро.

ОД храната посебно вкусно: пита и домашно кисело млеко, галичка плескавица (шарска + печурки), РЕБРО во фурна (најдобро што сум го пробал), сирење, тенка кобасица и баклава за крај.

Само земете си јакна или нешто со долги ракави, на 35 степени во Скопје во Галичник е поладно за 15°С.

На Маврово убаво место за утринско кафе покрај езеро - Гостилница Кристијан. Уживанција во мир и тишина.

 




« Последно менување: 18 Август 2016, 11:44:09 am AUUU »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #121 на: 18 Август 2016, 13:12:01 pm »
Во Галичник во сред лето за Галичка свадба сме спиеле во носии и покриени со јамболии од ладно што било :)
Едно од најубавите места во Македонијата

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #122 на: 19 Август 2016, 00:43:19 am »
За Богородица на 28ми во Гари, некад навечер сме потпалувале ќумбе, горе било 6-7-8 степена навечер
No turbo, no fun :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #123 на: 20 Август 2016, 00:23:40 am »
Ме интересира дали некој бил накај Кокино сега во брзо? Утре, здравје планирам да одам Пониква, па ке фанам и натаму...
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #124 на: 20 Август 2016, 10:23:15 am »
Пониква е прекрасно место, не знам дали си од околината, јас сум од Кочани, живеам на патот спрема Пониква(т.е. белското маало), доколку не си од Кочани или околината, во кој и да одеш ресторант нема да погрешеш, најнов и така посреден е Осоговски Бисер

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #125 на: 20 Август 2016, 10:33:45 am »
Пред десетина години бевме на Пониква во тежок снег.
Пристигнавме некаде по 20 часот и кога слегов од кола видов од каде инспирацијата за светките на честитките за нова година.

Прекрасно!

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #126 на: 20 Август 2016, 15:28:14 pm »
Бев во ресторанчето, одлично беше. Шетња имаше мала до горе пешки, па ручек во Осоговски Бисер.
Кај и да е, ке одиме накај Коклино да видиме како е таму. :)

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #127 на: 26 Август 2016, 20:46:14 pm »
Бил некој во/кај пештерата Пешна , Македонски Брод?
Препорака за некое место/ресторан во природа околу М.Брод ...
« Последно менување: 26 Август 2016, 20:55:57 pm koce1102 »

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #128 на: 26 Август 2016, 20:56:08 pm »
Меана Дедо Илија одма спроти Пешна ти е, ако ти се вози накај Козјак имаш уште 2-3 ресторани покрај река.
New blood of old school

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #129 на: 27 Август 2016, 16:01:09 pm »
Бил некој во/кај пештерата Пешна , Македонски Брод?
Препорака за некое место/ресторан во природа околу М.Брод ...
Друже најблиску ресторанче кај пешна ти е Дедо Илија местенцето е ОК ама храната не е нешто нај нај, и немаш некој избор 3-4 работи има на лагер :)
Би ти препорачал да продолжил до Белица до рибникот има ресторани 2 покрај патот и кај рибникот, најубо да си земиш пастрмка порција ама има и скара уба.
Исто убо местенце со добра храна ти е ИЗВОР, пак би ти препорачал пастрмка јас :)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #130 на: 29 Август 2016, 09:49:18 am »

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Убави места во Македонија
« Одговори #131 на: 31 Август 2016, 16:11:00 pm »


Убаво што го асфалтирале и пуштиле дивиот пат од лани до сега ама многу бе брдо некако, го прошириле кај што реално нема потреба а на кривините тесно.  Треба да го обележат под итно и катадиоптери да стават.

Зимно време ако иде некој нагоре/надоле ќе биде опасно. Прашање и лада нива дали ќе тера нагоре, ептен е брдо на неколку места. Среќа што на таа страна фаќа сонце не е како стариот осојница.
« Последно менување: 31 Август 2016, 16:18:39 pm Allexxander »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #132 на: 31 Август 2016, 16:42:06 pm »
Би било сосема океј и локациите да ги пишувате бидејќи темава е за луѓе што не биле секаде а сакаат да прошетаат.

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #133 на: 31 Август 2016, 16:50:31 pm »
Би било сосема океј и локациите да ги пишувате бидејќи темава е за луѓе што не биле секаде а сакаат да прошетаат.
Јоакин Осоговски ако не грешам.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #134 на: 31 Август 2016, 16:59:10 pm »
Би било сосема океј и локациите да ги пишувате бидејќи темава е за луѓе што не биле секаде а сакаат да прошетаат.
Јоакин Осоговски ако не грешам.

Грешиш, ЈоакиМ Осоговски e :)