Некој во патот со точак/кола, поголем дел во Неда за викенд
Има доста места за шетање по планините, јас сум бил на неколку, ама тоа во лето сега не е баш нај паметно.
Ако продолжиш од паркингот кај Неда идеш накај патот за Јанче и таму е многу убаво, ете следен пат ако одиш можеш натака или накај црквата Св. Петка, за натаму се иде по едно патче од лева страна пред големата угорница на влезот во селото.
Сега е многу убаво во Галичник, планините околу се во разни бои од дрвјата, ама нема никој за жал, освен во ресторанчето на влезот.
Првиот пат кога бев крај на Септември(пред неколку години), навечер, влеговле во магла од Маврово, правиот дел беше чисто, пак магла и кога стигнавме беше ведро ептен сите ѕвезди се гледаа, а околу црна темница, почнавме да вадиме торбите и само слушаме рикање, собирај тоа што можеш и трчааааааај, следниот ден заборавив на се кога погледнав низ прозорот.