Јас ја сакам мојата кола затоа што откако почнав да се оформувам како личност и како возач, таа е со мене.
Ја сакам и зошто секогаш кога ќе е досадно, имам занимација за работење.
Ја сакам зошто иако последниов период ми ја извади душата од нервози, кога проработи како што треба се осеќав среќно.
За смеење си е работава, ама стара, извозена и со лузни на секој панел, пак е подобра од секое површно живо суштество што до сега сум го запознал.