Зошто пропадна системот "пумпа-бризгалка (PD)"
Предминатата година Volkswagen започна да го повлекува системот ‘пумпа-бризгалка’, односно PD. Дволитрениот мотор , односно 2.0 TDI беше прв што премина на ‘common-rail’ технологијата, a 1.9 TDI со 90 и 105 КС моторите, кои се продаваа до минатата година (во моделите на Škodа и Seat) се заменија со подеднакво силниот, а 10 проценти поштедлив common-rail (CR) мотор 1.6 TDI.
Во технологијата важи правилото – ако никој не ве копира и барем следи, нешто не е во ред. Volkswagen вложи огромни средства во технологијата со директно вбризгување по системот ‘пумпа-бризгалка’ и долго се противеше на економската логика. Сите останати компании користеа ‘common-rail’. Причина: значително поедноставна и поевтина механика (особено кај повеќе вентилската техника), подобро подесување на вбризгувањето и полесно исполнување на еколошките норми. Системот common-rail е значитело поевтин и поедноставен, но PD, крахот го доживеа поради 16-вентилскиот мотор 2.0 TDI. Многу стручњаци говореа како комбинацијата на 4 вентили по цилиндер и PD системот е технолошки невозможна или барем непрепорачлива во мотор со четиривентилска технологија.
Имено во главата на цилиндерот е тешко да се стават четири вентили по цилиндер, заедно со масивниот сет ‘пумпа-бризгалка’, кој е значително поголем и помасивен од самите бризгалки во CR системот. Стручњаците на Volkswagen тврдоглаво инсистираа на таа комбинација во 2.0 TDI моторот, кој поради тоа има многу тенки ѕидови помеѓу отоврите за вентили и средишниот отвор за ситемот пумпа-бризгалка. Поради тоа таквите мотори не се надежни и трошат многу масло. Не е чудно што сите што се разбираат во техниката на моторите, тврдат дека 1.9 TDI PD со 105 КС е многу подобар од 16-вентилскиот 2.0 TDI PD со 140 KS. Има незначително послаби перформанси, а троши значително помалку и е значително понадежен.
Меѓутоа има и предности. Системот ‘пумпа бризгалка’ (Герм. Pumpe-Düse Einheit, Анг. unit injector) на секој цилиндер има сет на пумпа под висок притисок и бризгалка и со пиезо технологија достигнува притисок до 2200 бари. Високи притисоци (до 1850 бари кај CR системот) овозможуваат поголема искористливост на процесот на согорување. Но, таквите дизел мотори имаат механички сосфтвер, а не електронски, како кај CR па работат побучно и ‘посирово’. Пумпата и бризгалката се на исто место па нема вибрации на притисокот на горивото во цевчињата поради компресија. CR тоа го надоместува со подобро подесување на вбризгувањето и со потивката и ‘помека’ работа. Во секој случај, а првенствено поради поскапата изведба на системот, PD технологијата замина во историјата и никој нема да плаче по неа.
---------------
kako sto si e red, eve go i linkot na kolegata od drugiot forum:
http://koli.com.mk/forum_nov/showthread.php?t=1761